ВЛАДАТА: ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ИМААТ ТРОШОЦИ ЗА НОВИ ПАТНИ ИСПРАВИ, ПОСТОЕЧКИТЕ ЌЕ ВАЖАТ СЕ ДО ИСТЕКОТ НА РОКОТ НА СЕКОЈА ИСПРАВА

Објавено на 13.06.2018 во 20:17:19 часот | Македонија

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес конференција изјави дека нема потреба од грижа, бидејќи граѓаните нема да мора да ги менуваат патните исправи веднаш.

– Самиот договор е етапен договор, и тој треба да се имплементира во наредните 5 год. Трошоци за граѓаните нема да има, бидејќи нема да се менуваат сите патни исправи одеднаш, туку како им истекува рокот, ќе се менува патната исправа. Тоа се редовни трошоци, не се работи за вонредни трошоци. Оние патни исправи кои постојат, важат се до истекот – изјави Бошњаковски.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет