Апел до сите јавни личности, новинари, уметници, пејачи, писатели, изјаснете се јавно, дајте поддршка за овој процес, ова се историски моменти, сите треба да помогнеме!

Објавено на 13.06.2018 во 20:32:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Сите треба сега да помогнеме кој колку може, со фб колумни, со настапи во јавност, со разговори со свои блиски, пред кооперација, во кафана...

Сите заедно треба да бидеме глас на разумот, ова се историски моменти, децении на мир и просперитет се во прашање ако ова успее, и децении на очај, хаос и ужас ако не успее...

Ајде сите да им помогнеме на Заев и Димитров и прогресивните сили кои сакаат конечно да ја зацементираат Македонија за век и веков.

И не само тоа, туку да овозможат народот да се обогати, да куртули од сиромаштијата и од бедата, секој колку што има да има уште толку па и неколку пати повеќе...

Не треба сега да молчиме и да мислиме на себе, некој некого да не изиритираме, не треба да мислиме на своите кратко трајни интереси и да чекаме некој друг да одработи за нас, можеби тие некои нема да имаат сила да се соочат со сите саботажи и кочничари.

Ако одберете да молчите еден ден можеби ќе се каете, подобро да одиме на сигурно референдумот да успее и конечно да имаме сигурна богата иднина!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија