ЕВЕ ГО ХЕРОЈОТ, НОВАТА НОВИНАРСКА ЅВЕЗДА - Фуркан Салиу: Жителите на Тимјаник беа неинформирани, добро е што ги запознаа децата

Објавено на 13.06.2018 во 21:41:55 часот | Македонија

Новинарството на терен – не само како известувачки стории, туку и како директно менување на општеството. Новинарот Фуркан Салиу од ТВ 21. Тој повика еден од жителите на Тимјаник и го запозна со состојбата на децата со попреченост кои беше планирано да се сместат во селото.

-Јас стигнав во Тимјаник три часа пред министерката и видов дека жителите не се информирани, дека немаат ништо против децата, само не знаат со што ќе си имаат работа. Тие дури не знаеја дека ќе донесат деца. Разговарав со многу од нив, дури и толку беа љубезни, што ме повикаа на кафе. Потоа отидовме во првиот групен дом во Неготино, ги запознав Дамјан и неговите родители, раскажува Салиу.

Потоа се вратил во селото, каде што, кога дошла министерката, реакциите на жителите биле бурни и инсистирале зградата да се преправи во градинка. Еден од родителите рекол „Не сакам моето дете да се дружи со такви деца“, што го шокирало Салиу. Тоа го инспирирало да повика еден од тие што протестирале да се запознае со децата од домот.

-Некои од нив не можат ни да зборуваат, но се радуваат кога ќе те видат. Само да го видевте лицето на Дамјан кога ги виде неговите родители. Нема нормален човек што би имал нешто против тие деца, вели Салиу.

И од УНИЦЕФ и самата министерка за труд и социјала Мила Царовска подоцна потврдиле дека жителите не биле доволно информирани и дека треба да се организира кампања. Исто така, вели Салиу, треба да им се изгради и градинката, затоа што тоа е реален проблем во селото.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет