НУКЛЕАРНА БОМБА: ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГО ОБЈАВИЈА ДОГОВОРОТ НА АНГЛИСКИ, МАКТЕЛ ГО ПРЕВЕДЕ НА МАКЕДОНСКИ

Објавено на 13.06.2018 во 23:21:40 часот | Македонија

Грчки медиуми го објавија договорот на англиски, Мактел ќе го преведе во следните 30 минути.

                                                           

                                                                  ДОГОВОР

ФИНАЛЕН ДОГОВОР ЗА ПОМИРУВАЊЕ НА НЕДОРАЗБИРАЊАТА КАКО ШТО СЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ 817 (1993) И 845 (1993), ЗАВРШУВАЊЕ НА ИНТЕРИМ АКОРДОТ ОД 1995 И ПРАВЕЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЖУ ДВЕТЕ СТРАНИ

                                                              ПРЕАМБУЛА НА ДОГОВОРОТ

Првата страна, Хеленската Република и втората страна, која е примена во ООН според резолуцијата на ООН 47/2225 од 8-ми април 1993-та, во случајов здружено означени како страните

- повикувајќи се на принципите и намерите на повелбата на Обединетите Нации, финален акт од Хелсинки 1975-та, релевантните акти на ОБСЕ и вредностите и принципите на советот на Европа

- водени од принципите и духот на демократијата, почитта за човековите права и фундаменталните слободи и дигнитетот

обврзани од придобивките од повелбата на Обединетите Нации и особено оние кои се однесуваат на облигациите на државите да се воздржат од користењето на присила и употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на одредена земја

назначувајќи ја нивната целосна посветеност на принципите на неменување граници запечатени во финалниот акт од Хелсинки 1975-та

- нагласувајќи ги постоечките граници како меѓународна граница меѓу двете страни

во потполна согласност со потребата да се осигура мирот, стабилноста, безбедноста и понатамошната соработка во југоисточна Европа

потсетувајќи на важноста на развојот на пријателски односи помеѓу државите и разрешување на разните несогласувања во согласност со поглавјето на обединетите нации

решавање на разликите означени во резолуцијата 817 (1993) од 7-ми април 1993 и 845 од 18 јуни 1993, како и Артикл 5 од интерим акордот од 13 септември 1995-та во достоинствен и одржувачки манир, имајќи на ум важноста на ова прашање и сензитивноста кај двете страни

земајќи во обзир резолуцијата на генералната асамблеја 47/225 од 8-ми април 1993

земајќи го во обзир интерим акордот, меморандумот од 13-ти октомври 1995-та пред се на практичните мерки поврзани со интерим акордот, меморандумот  на меѓусебното етаблирање на конзуларните преставништва во Скопје и Атина на 20-ти октомври 1995-та, како и процесот на градење доверба.

нагласувајќи ги силните желби на двете страни за пријателство, добро соседски односи, и партнерство склоно кон соработка

посветени кон силни широки и длабоки билатерални релации и да се постави силна база за силна и долга меѓусоседска врска и за развој на меѓуседба врска

- во обид да се постигнат такви односи кои ќе бидат буквално стратешко партнерство во секторите земјоделие, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, екологија, индустрија, инфраструктура, инвестиции, политички релации, туризам, трговија, транспорт.

СЕ СОГЛАСИЈА НА СЛЕДНОВО:

                                                                  ДЕЛ ПРВ

СПОГОДБА ЗА РАЗЛИКИТЕ ОКОЛУ ИМЕТО, РАБОТИ ПОВРЗАНИ СО НЕГО И ПОСТИГНУВАЊЕ ДОБРИ СОСЕДНИ РЕЛАЦИИ

                                                                  АРТИКЛ 1

1. Овој договор е финален и по стапувањето на сила го завршува Интерим Акордот помеѓу двете страни потпишана во Њујорк на 13-ти септември 1995-та

2. Двете страни ги признаваат како обврзувачки резултатите на преговорите кои се одржуваа под покровителство на ООН, за кои двете страни поради силата на резолуциите 817 и 845 како и Интерим Акордот

3. Како резултат на тие преговори, следново е договорено и одобрено од двете страни:

      a) Официјално име на втората страна ќе биде Република Северна Македонија кое ќе биде уставно име на втората страна и ќе се користи ЕРГА ОМНЕС на начин одреден во оваа спогодба. Кратко име на земјата ќе биде Северна Македонија.  

      b) Националноста на втората страна ќе биде Македонска/ граѓанин на Република Северна Македонија, и така ќе биде регистрирано во патните документи

     c) Официјалниот јазик на втората страна ќе биде Македонски Јазик, како што е признаен на третата конференција на ООН за стандардизација и географски мерки, одржана во Атина, 1977ма година, и опишан во Артикл 7 (3) и (4) од оваа спогодба.

     d) Термините Македонија и Македонски имаат значење според Артикл 7 од оваа спогодба

     e) Државните кодови за регистарски таблички за втората страна ќе бидат НМ или НМК. За сите други потреби, кодовите остануваат МК и МКД, како што е опишано според светската организација за стандарди.

     f) Придавките кои се однесуваат за државата, официјалните тела и останатите јавни институции треба да се во линија со новото официјало име на втората страна или нејзиното скратено име, тоа е "на Република Северна Македонија" или "на Северна Македонија". Останатите употреби на придавки вклучувајќи тие на приватни фирми кои не се поврзани со јавни институции и не се финансирани со јавни пари, можат да бидат на линија на Артикл 7, (3) и (4). Употребата на придавките како објаснување за активности може да се користат според Артикл 7. Ова е без да има конфликт со Артикл 1 (3) (h) и сложените имиња на градови кои постојат на денот на постигнување на оваа спогодба.

     g) Втората страна ќе го прифати Република Северна Македонија како свое официјално име и терминологијата поврзана со Артикл 1 (3) преку своја интерна процедура која е и обврзувачка и неменлива, преку амандман во уставот како што е усогласено во оваа спогодба.

     h) Во врска со новото име и терминологијата на комерцијални имиња, трејдмаркови и брендови, двете страни се согласија да ги охрабрат бизнисите во искрен и корисен дијалог преку кој ќе се постигне договор и решенија за разни прашања поврзани со комерцијалното користење на термини на интернационално ниво. ВО врска со ова ќе се создаде меѓународна група составена од преставници на двете земји во контекст на ЕУ со помош на ООН и ИСО. Оваа групана експерти ќе биде создадена во 2019-та и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Додека да се постигне решение од оваа група, досегашната употреба на термините во комерцијална област ќе остане како што е сега.

4. По потпишување на спогодбата, двете страни ќе ги направат следниве чекори:

   a) Втората страна без одлагање ќе ја ратификува спогодбата во собрание

   b) По ратификацијата на оваа спогодба во собранието на втората страна, таа ќе ја извести првата страна дека спогодбата е ратификувана

   c) Втората страна, ако одлучи затоа, ќе одржи референдум.

   d) Втората страна ќе направи уставни измени според оваа спогодба

   e) Втората страна има рок до крајот на 2018-та да ги комплетира уставните измени

   f) Откако ќе се заврши целиот процес од страна на втората страна, првата страна ќе го ратификува договорот во сорбанието.

5. Откако спогодбата ќе стапи на сила, двете страни ќе го користат новото име на втората страна во сите релевантни меѓународни организации, вклучувајќи ги сите билатерални средби со сите земји членки на ООН.

6. Поточно, откако ќе стапи на сила оваа спогодба, втората страна ќе го направи следново:

   a) Ќе ги извести сите меѓународни и регионални организации, институции на кои е членка за стапувањето на сила на оваа спогодба и ќе побара сите сите тие институции и организации да го користат новото име на земјата. Втората страна треба да го користи новото име според инструкциите во оваа спогодба.

  b) Ќе ги извести сите земји членки на ООН за стапувањето на сила на оваа спогодба и ќе побара да го користат новото договорено име и терминологија договорена во оваа спогодба, вклучувајќи ја и сета билатерална комуникација.

7. По стапувањето на сила на оваа спогодба, термините Македонија, Република Македонија, БЈР Македонија во англиска или преведена верзија како и кратенката БЈРМ треба да престане да се употребува во врска со втората страна во која и да било официјална форма

8. Откако ќе стапи на сила оваа спогодба, новото име ќе се користи по принципот на ЕРГА ОМНЕС, значи дома и меѓународно во сите билатерални и групни организации и институции.

9. Откако ќе стапи на сила оваа спогодба, втората страна треба по брза постапка да направи измени за да сите институции го користат новото име во домашна употреба во сите документи, коресподенција и релевантни материјали.

10. Што се однесува до валидност на веќе постоечките документи и материјали издадени од државните институции на втората страна, двете страни се согласија дека треба да има два транзициски периоди, еден технички и еден политички:

  a) техничкиот транзициски период треба да се однесува на официјалните документи и материјали на јавната администрација на втората страна за меѓународна употреба како и за домашна употреба кои можат да се користат надворешно. Овие документи и материјали треба да се обноват во согласност со новото име во рок од 5 години, најдоцна.

  b) Политичкиот транзициски период треба да се однесува на оние документи и материјали ексклузивно за внатрешна употреба за втората страна. Овие документи и материјали треба да се изменат според отворањето на поглавјата од преговорите со ЕУ и треба да се изменат во рок од 5 години откако ќе се отвори секое поглавје.

11. Процедурите за уставни измени на втората страна треба да започнат веднаш по ратификацијата на спогодбата во парламентот на втората страна или по референдумот ако одлучат да го одржат.

12. Новото име на втората страна треба да биде вклучено во уставот на втората страна. Оваа измена треба да се направи со еден амандман. Поради овој амандман, сите термини што се однесуваат на името на втората страна ќе се изменат според новото име во сите членови на уставот. Понатаму, втората страна ќе ја измени со амандмани и преамбулата на својот устав, членовите 3 и 49.

13. Во случај на грешки при користењето на новото име и термините од оваа спогодба во билатерлана и меѓународна употреба, двете страни имаат право да побараат поправка на тие грешки и тие понатаму да не се случуваат.

 

                                                         АРТИКЛ 2

 1. Првата страна се согласува да не го попречува зачленувањето на втората страна со новото име во разни организации и институции во кои првата страна е членка.

2. Втората страна ќе побара прием во меѓународни и регионални организации под новото име според оваа спогодба

3. По стапувањето на сила на оваа спогодба, првата страна ќе го ратификува секое зачленување на втората страна во било која меѓународна или регионална организација

4. Особено со зачленувањето на втората страна во ЕУ и НАТО, следново треба да се случи:

    a. Втората страна ќе побара прием во НАТО и ЕУ под новото име и термините според оваа спогодба

    b. Откако ќе добие потврда за ратификација на оваа спогодба во парламентот на втората страна, првата страна ќе го направи следново:

       (i) ќе го извести претседателот на советот на ЕУ дека дава согласност за отворање на ЕУ преговори со втората страна под новото име и терминологија според спогодбата 

       (ii) ќе го извести генералниот секретар на НАТО дека ја подржува поканата за зачленување на втората страна во НАТО. Таквата поддршка на првата страна е условна, прво зависи од исходот на референдумот ако втората страна реши да го одржи, и второ зависи од комплетирањето на уставните измени на втората страна според спогодбата. Откако ќе добие потврда од втората страна за комплетирањето на сите легални процедури за стапување на сила на оваа спогодба, позитивен исход од референдумот ако го има и на уставните измени, првата страна ќе го ратификува влезот на втората страна во НАТО. Оваа ратификација ќе се случи во исто време со ратификација и на оваа спогодба. 

 

                                                        АРТИКЛ 3


1. Двете страни ја потврдуваат постоечката граница меѓу двете земји како меѓународна и неменлива граница. Ниту една страна треба да подржува тврдења за измени на истата од било која страна. Исто така и двете страни не треба да даваат поддршка за такви тврдења од трета страна.

2. Двете страни ќе ја респектираат сувереноста, територијалниот интегритет и политичка незавиност на секоја страна. Ниту една страна нема да поддржува никакви акции на некоја трета страна насочени против територијалниот интегритет и суверенитет и политичка незавност на една од страните.

3. Двете страни треба да се воздржат во согласност со поглавјето на ООН од закани со сила, вклучувајќи ја заканата за употреба на сила за промена на границата меѓу двете страни.

4. Двете страни се обврзуваат да не поттикнуваат и подржуваат или толерираат какви и да било акции или активности кои се од непријателски карактер  насочени кон една од страните. Ниту една од страните нема да ја даде својата територија за активности насочени против другата страна од страна на некоја трета земја, организација, група или индивидуи кои имаат намера да извршат субверзивни, сецесиони активности или други активности кои се закана за мирот, стабилоста или безбедноста на една од страните. Секоја страна треба да ја извести другата страна во најбрз можен рок за информација која ја поседува поврзана за такви активности или интенции.

 

                                                             АРТИКЛ 4

1. Двете страни се обврзуваат дека ништо во нивните устави што е на сила или ќе биде на сила преку нови амандмани нема да биде база или сметано за база за некакви тврдења за територијални претензии кон територија која не е вклучена во меѓународните страници на секоја од страните.

2. Секоја страна нема да поддржи или авторизира иредентистичка изјава од страна на субјекти кои делуваат или велат дека делуваат во интерес на една од страните. 

3. Двете страни се обврзуваат дека ништо во уставот кој е на сила или во иднина преку измени нема да има нешто што ќе се смета за основа за разно мешање во внатрешните работи на другата страна во никој случај, нити во случај за обид за заштита на индивидуи кои не се нејзини граѓани.

 

                                                            АРТИКЛ 5

1. Во спроведувањето на своите активности, двете страни треба да се водат од начелото и принципите на демократијата, фундаменталните слободи, почитувањето на човековите права и дигнитет, владеењето на законот, во согласност со повелбата на ООН, универзалната декларација за човекови права, европската конвенција за протекција на човекови права и фундаменалтните слободи и останатите интернациоални одлуки.

2. Ниту една од погорните декларации не смее да се земе како основа за делување спротивно на повелбата на ООН, финалниот акт од Хелсинки вклучувајќи го територијалниот интегритет на двете страни.

 

                                                          АРТИКЛ 6

1. Со цел зацврстување на пријателските билатерални релации секоја од страните треба да преземе навремени мерки за забрани каквии да било непријателски активности, акции или пропаганда од државни агенции или пак агенции кои се контролирани од државата, и да превенира активности кои се шовинистички, непријателски, иредентистички, ревизионистички против една од страните. Ако такви активности се случат, двете страни треба да ги преземат сите потребни мерки.

2. Секоја од страните треба да преземе мерки за обесхрабрување на акции од приватни организации кои имаат за цел да предизвикаат насилство, омраза или закана против една од страните. Ако приватна организација е вклучена во активности за кои земјата не знае, откако ќе дознае, треба да ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање според закон.

3. Секоја страна треба да превенира или обесхрабри постапки на пропаганда од страна на приватни организации кои шират непријателство, омраза, иредентизам, ревизионизам против една од страните.

 

                                                          АРТИКЛ 7


1. Двете страни признаваат дека нивното разбирање на терминот Македонија и Македонски реферира кон различни историски и културни наследства.

2. Кога тие се употребени од првата страна, овие термини ги осначуваат не само територијата и луѓето од северниот регион на првата страна, туку и атрибутите како и хеленската цивилизација, историја, култура, наследство од тој регион од антиката па до денес.

3. Кога втората страна ги користи тие термини, тие се однесуваат на територија, јазик, народ и атрибути со своја историја, култура и наследство, различни од тие кон кои реферираат кога ги употребува првата страна.

4. Втората страна нагласува дека нејзинот јазик, македонскиот јазик, е дел од групата словенски јазици. Двете партии нагласуваат дека официјалинот јазик и другите атрибути не се поврзани со античката хеленска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на првата страна.

5. Ништо од оваа спогодба не е насочена да забрани во кој и да било вид употреба на термини од страна на граѓаните на двете земји.

 

                                                        АРТИКЛ 8


1. Ако некоја од страните верува дека еден или повеќе симболи кои се дел од нејзината историја и култура се употребени од страна на другата земја, треба да ја извести другата страна за тоа, и таа, тогаш треба да преземе мерки и да го адресира тоа со цел да се покаже респект за туѓите симболи.

2. Во тек на шест месеци откао ќе стапи на сила спогодбата, втората страна  треба да ги ревидира спомениците, зградите и инфраструктурата на својата територија, и ако некои од нив реферираат на хеленската култура и историја и цивилизација кои се интегрална компонента и историска сопственост на првата страна, треба да преземе соодветни мерки и акции за да ги адресира тие моменти и да покаже респект за тие симболи

3. Втората страна не треба повторно да го користи симболот кој беше присутен на претходното свое знаме. Во рок од шест месеци откао спогодбата ќе стапи во сила, втората страна ќе пристапи на тргање на овој симбол од сите јавни површини и институции. Археолошките артефакти не спаѓаат во оваа мерка.

4. Секоја од страните треба да се придржува до препораките на конференцијата за стандарди и географски имиња на ООН во релација со користењето на топоними и официјални географски имиња на територијата не една од страните, треба да се даде предност на ендонимите наместо егзонимите.

5. Во рок од еден месец откако ќе се потпише спогодбата, двете страни треба да направат заедничка комисија со ескперти од историја, археолози и едукатори кои низ објективна метода ќе направат интерпретација на историски настани врз база на потврдени историски докази. Работата на оваа комисија треба да биде надгледувана од министрите за надворешни работи од двете земји. Целта на комисијата е да се ревидираат историските читанки на двете страни, да се ревидираат и разни мапи, атласи, технички водичи кои се во употреба во училиштата и другите образовни институции, во согласност со УНЕСКО и советот на Европа. Како резултат на работата на оваа комисија треба да се постигне наредната учебна година по потпишувањето на спогодбата да нема спорни мапи и учебници кои содржат иредентистичка содржина. Оваа комисија треба да ги ревидира и сите нови учебници и училишни мапи. Оваа комисија треба да се состанува барем два пати годишно и да изготвува годишен извештај со препораки кои ќе бидат праќани до повисоката комисија задолжена за добра соработка меѓу двете земји.

6. Двете земји се согласуваат дека сите погорни методи кои се резултат на преговорите на долг рок ќе ги подобрат меѓусебните релации и пријателство.

 

                                                     ВТОР ДЕЛ

   ИНТЕНЗИВИРАЊЕ И ЗБОГАТУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕ СТРАНИ

                                                    АРТИКЛ 9

1. Двете страни се согласуваат дека стратегиската соработка треба да се прошири на сите полиња и сектори, као што се земјоделие, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, екологија, индустрија, инфрастурктура, инвестиции, туризам, трговија, транспорт. Стратегиската соработка треба да се прошири и на полињата кои во иднина ќе се појават како можност за бенефит на двете земји. Сето ова треба да биде ставено во соосдветен акциски план.

2.Постоечките мерки за градење доверба треба да се инкорпорираат со акцискиот план кој пак треба да биде нон стоп прошируван и апдејтиран.

 

                                         ДИПЛОМАТСКИ РЕЛАЦИИ

                                                  АРТИКЛ 10

Откако ќе стапи на сила спогодбата:

1. првата страна веднаш ќе ги прошири

    а) конзуларното преставништво во главниот град на втората страна што ќе стане амбасада

    б) канцеларијата во Битола ќе стане конзулат

2. втората страна веднаш ќе ја надгради

  а) конзулатот во главниот град на првата страба во амбасада

  б) канцеларијата во Солун во конзулат

 

                      СОРАБОТКА ВО КОНТЕСТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ РЕЛАЦИИ

                                             АРТИКЛ 11

 Двете страни ќе соработуваат блиско, билатерално и во регионалните организации и иницијативи со поглед кој ќе осигура југоисточна Европа да стане регион на мирот, растот и просперитето за сите народи. Тие ќе промовираат и ќе соработуваат за да се помагаат меѓу себе за разни кандидатури во разни организации, регионални и меѓународни.

                    ПОЛИТИЧКА И СОЦИЈАЛНА КООПЕРАЦИЈА

                                           АРТИКЛ 12

1. Двете страни се согласуваат да ги воспостават и развијат своите билатерални политички релации преку посети, средби и консултации на највисоко политичкои дипломатско ниво. 

2. Двете страни ќе воспостават совет за соработка на високо ниво составени од министри од владите а воден од двајцата премиери на двете земји.

3. Овој совет треба да се среќава најмалку еднаш годишно и треба да биде одговорно тело за ефективна и правилна имплементација на спогодбата, како и на акцискиот план. Советот треба да презема мерки и акции за подобрување на меѓусебната соработка, и ќе ги адресира сите несогласувања и проблеми кои може да призлезат од имплементацијата на спогодбата и акцискиот план, со цел нивно разрешување.

4. Двете страни се убедени дека развојот и засилувањето на човечките директни контакти се најважни за градење пријателство, соработка и добро соседски односи. Тие треба да ги охрабрат средбите на граѓаните од двете држави на секое ниво.

5. Двете страни ќе ги охрабар невладините организации од двете земји да соработуваат повеќе, како и владините централни и локални институции, со цел ширење на пријателство и разбирање меѓу граѓаните од двете земји.

 

                               ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

                                        АРТИКЛ 13


Имајќи во вид дека втората страна нема излез на море, двете страни се упатуваат да ги следат упатствата на конвенцијата на ООН за законот за мориња колку што е тоа можно да се примени во пракса, и според одредбите од оваа спогодба.

                                        АРТИКЛ 14

1. Двете страни треба понатаму да ја развиваат својата соработка во економијата во сите области. Особено треба да се нагласи соработката во земјоделието, енергетиката, индустријата, екологијата, туризмот, трговијата и транспортот. Со таа цел двете страни треба да изготват акциски план.

2. Двете страни треба да ги охрабрат заедничките инвестиции и треба да направат потребни перки за ефективна заштита, вклучувајќи намалување на непотребна бирократија, како и двојно оданочување. 

3. Двете страни треба да се откажат од какво и да било ограинчување на движење на луѓе и стока меѓу двете земји.

4. Двете страни треба да овозможат и помогнат изградба на разни енергетски поврзувања, како далноводи, гасоводи, нафтоводи како и изградба на хидро централи, ветерници и сончеви колектори. Првата страна треба да и помогне на втората страна со знаење и инвестиции.

5. Двете страни треба да соработуваат заедички на изградба на пруги, автопати, соработка воздушен траснпорт, телекоми... 

6. Двете страни треба да ги модернизираат постоечките гранични премини и да изградат нови за да ја зголемат размената на луѓе и стока.

7. Двете страни треба да соработуваат за еколошка заштита на природата и природните богатсва како езера и национални резервати.

8. Двете страни треба да го помгнат туризмот меѓу двете страни :D

9. Двете страни треба да оформат меѓу миниситерски совет со цел зголемување на економската соработка, овој совет треба да се состанува барем еднаш годишно.

 

                                  СОРАБОТКА ВО ПОЛИЊАТА НА ЕДУКАЦИЈА, НАУКА, КУЛТУРА, ИСТРАЖУВАЊЕ, ТЕХНОЛОГИЈА,  ЗДРАВЈЕ И СПОРТ

АРТИКЛ 15

1.

2.

3.

4.

 

                                            СОРАБОТКА НА ПОЛИЦИЈА И ЦИВИЛНА ЗАШТИТА 

                                                                          АРТИКЛ 16

1.

2.

 

                                          СОРАБОТКА ВО БЕЗБЕДНОСТА

                                                                     АРТИКЛ 17

 

                                            РЕЛАЦИИ ВО ВРСКА СО МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

                                                                   АРТИКЛ 18

1.

2.

3.

4. 

 

                                                         ДЕЛ ТРИ

                                               РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ

                                                         АРТИКЛ 19

1.

2.

3.

 

                                                      ФИНАЛНИ КЛАУЗУЛИ

                                                           АРТИКЛ 20

1. Оваа спогодба ќе биде потпишана од министрите за надворешни работи на двете земји.

2. Оваа спогодба треба да биде ратификувана во парламентите на двете земји, според Артикл 1.

3.  Двете земји ќе се известат една друга за ратификација на спогодбата по што таа ќе стапи на сила.

4. Ако оваа спогодба не стапи на сила, сите нејзини делови се неважечки.

5. Откако ќе стапи на сила оваа спогодба, ќе се смета дека резолуциите 817 и 845 се разрешени.

6. Откако ќе стапи на сила спогодбата, една од страните треба да го извести генералниот секретар на ООН за тоа за да се имплементира во ООН.

7. Оваа спогодба не се однесува кон трети земји.

8. Првата страна трена да ја имплементира спогодбата според облигациите кои ги има како членкана ЕУ и останати меѓународни организации. Исто и втората страна треба да ги почитува облигациите кон организациите во кои е таа членка.

9. Придобивките од оваа спогодба треба да останат на сила неограничен период и се неповратни. Не се дозволени измени на оваа спогодба во деловите Артикл 1 (3) и Артикл 1 (4).

10. Оваа спогидба треба да биде регистрирана во секретаријатот ан ООН штом стапи на сила.

 

                                                      СВЕДОК НА ОВАА СПОГОДБА СПОРЕД РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ООН 817 И 845 Е

МЕТЈУ НИМИЦ

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет