ОТКАКО ГО ПРОЧИТАВ ЦЕЛИОТ ДОГОВОР, ЗАКЛУЧОКОТ Е СЛЕДЕН: Договорот почнува со реализација етапно веднаш откако ќе се потпише, се додека не се комплетира со уставни измени од наша страна постои можност да се поништи од Грчка страна со тоа што нема да се ратификува и договорот а и нашиот влез во НАТО, кои се планирани во ист тајминг!

Објавено на 14.06.2018 во 03:55:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу зложен договор, како шпагети е, но морало така, затоа што е врзан со разни награди за нас по патот.

Значи договорот почнува веднаш откако ќе се потпише, дури Грците почнаа веднаш да го применуваат уште не поптишан, Коѕијас овие денови ни се обраќа со Северна Македонија :D

Договорот ќе се применува етапно, чекор по чекор, при што, се може да се поништи ако не се стигне до крај, ако ние не го добиеме членството на НАТО и старт на преговори со ЕУ, а Грците ако не добијат две во едно - и позитивен исход од референдумот и уставни измени. Со тоа што Грците оставиле можност да не правиме референдум, но ако го правиме, МОРА ДА УСПЕЕ, не може без успешен референдум да има договор, тој автоматски се поништува ако референдумот не успее. 

Ние имаме разни рокови со различна должина, од на пример еден месец во кој Заев треба да прати писма до сите што не признале и сите организации дека имаме ново име, па до рок од 6 месеци за промена на името дома во владините институции, 6 месеци рок за бришење на знакот на вергина од разни споменици и фасади на државни институции, потоа имаме рок до крај на 2018-та да направиме уставни измени, рок од една година да ревидираме учебници и мапи, и потоа имаме рок од 5 години да ги смениме документите во земјава кои ги користиме кон надвор, за останатите има дополнителен рок паралелен како одиме кон ЕУ и отвораме поглавја.

Договорот е уствари активен цело време и бара континуиран ангажман на неопределено време преку разни комисии, совети и бордови кои ќе се состануваат два пати годишно од сега па до бесконечност и кои ќе осигуруваат нон стоп подобра и подорба соработка во сите сектори.

Се планира отворање амбасади на двете земји, правење на заеднички инвестиции, отворање нови гранични премини, меѓусебно помагање во разни кандидатури во разни организации, размена на ученици, студенти, културни друштва, нон стоп посети на високи владини делегации...

Двете земји треба да се борат против пропаганда која шири омраза една кон друга, треба да се ревидираат историски битки и настани од страна на заедничка комисија на историчари, треба да се обележат хеленистички споменици со цел да се признае дека не се наши...

Грција се обврзува дека не само што нема да не кочи во ЕУ и НАТО, туку и ќе не турка, ќе ни помага со знаење и инвестиции во разни области, ќе се помага економијата и трговијата и размената на туристи и роба со нови пруги, патишта, нови аеродроми и авио линии.

Ќе се направи заедничка комисија која во рок од 3 години треба да реши кои фирми и брендови во двете земји имаат право на користење на името Македонија во своите производи.

Двете земји се обврзуваат никогаш да не се напаѓаат меѓу себе, да не шират омраза една кон друга, да соработуваат и да се помагаат.

Овој договор вака на прва изгледа малку строго и капитулантски погледнато и од двете страни, ние губиме име и мораме да се извинуваме за сите антички споменици, тие пак мора да се помират со фактот дека постои македонски народ и македонски јазик, нешто што со децении не смееше ни да се помисли во нивната земја.

Но на долг рок, откако ќе легне прашината, односите ќе бидат турбо, и бенефитот ќе го има пред се економијата, значи повеќе профит, повисоки плати и повеќе нови работни места. Е тоа е музика за нашите уши!!!

На долг рок ќе бидеме блиски народи кои и онака се сакаат, врие Македонци на егејско море, и врие Грци по Битола и Гевгелија, ние ја сакаме нивната култура, музика, море и храна, тие ги сакаат нашите пазари, казина, стоматолози и услуги, значи ќе не биде!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија