ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ОВА Е ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Објавено на 14.06.2018 во 16:25:08 часот | Македонија

 
Демократски сојуз: Историска шанса за Македонија
 
Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на  Македонија и балканските држави.
 
Наш врвен, национален и стратешки интерес е деблокада на евроатланските процеси и полноправно членство во НАТО и Европската унија.
 
Со овој договор се зацврстува македонскиот идентитет и еден од клучните елементи на нацијата - македонскиот јазик.
 
ДС ја подржува јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, на референдум, граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.
 
Обидот за блокада на процесот на ратификација на договорот и манипулација со чувствата на граѓаните, е поткопување на стабилноста на државата и поделба помеѓу македонците, со несогледливи последици по мирот и севкупниот развој на Република Македонија како демократска и унитарна држава.
 
Ви благодариме на соработката.
 
Скопје 14.06.2018 година

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет