ДА ЗА КОМПРОМИСОТ, ДА ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА!!!

Објавено на 14.06.2018 во 19:10:46 часот | Македонија

Бал-кан(истан)

                                     "Да се биде или не"во земјата на Крвта и Мед

Македонија е географско подрачје од каде што потекнуваат големи државници и лидери кои оставиле длабока трага низ историјата и денешницата  како што се: Мустафа Кемал Ататурк, Гоце Делчев, Блаже Коневски, Кочо Рацин, Киро Глигоров... кои  имаат големо значење во формирањето на карактерот на државата.

По долги години РЕЖИМ граѓанинот успеа да се оддтргне од канџите на системот и гордо да ја крене главата и да се спротистави на системот кој имајки цел да владее безконечно ги користеше сите алатки најчесто преку демонстрација на сила и терор наметнуваше страв кон своите граѓани и непоколебливост да го прегази сопствениот народ и преку газење на  сопствените лешеви да остане на пиедесталот.

Секако за мене помалку позната но со внимание прераскажувана историја од предците кои допринеле за денешната државотворност на мојата и наша татковина, искуставата укажуваат секогаш кога еден режим сака долго да владее тогаш го потпалуваат национализмот и лажен патриотизам со една цел - да се раздели народот, да се наметне страв и многу полесно да се владее, таква беше нашата држава: заробена, поделена, економски ослабната, тажна, празна, ладна, измачена, уплашена, насилна, безидејна, без иднина!

Одненадеж се роди нова надеж. Сплотена, среќна, одлучна, решителна, топла.. сетете се само на времето кое го поминувавме заедно низ улиците, колку и да беше тешко сите ние си ја подававме раката еден на друг кога беше најтешко, таму, на барикадите.

Во борба за сегашноста и иднината, тоа чувство гарантираше сигурност и иднина.

Секоја идна власт мора да знае дека народот е буден, секогаш спремен повторно едиснтвен и сплотен одлучно и непоколебливо  да се врати на истите барикади во непоколеблива борба за себе и за своите најмили, за Граѓанинот!

Денес не смееме да ги заборавиме и оние кои ја започнаа битката заедно со нас, но веќе не се меѓу нас. Слава им. Ви благодарам. Ви се поклонувам.

Денес фирерот е гол, граѓанинот повторно се среќава со чувството за грижа кон татковината, јас, ти, ние сите, повторно се стекнуваме  образование кое се основа на „Се за татковината“. Граѓанинот мора да се врати онаму каде што му е местото, на пиедесталот.

Затоа се приклучувам на повикот за Македонската иднина, затоа велам ДА за нас, ДА за просперитетна, обединета, европска Македонија.

 "ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА"

 Со почит,

Един Јакуповиќ

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет