Знам дека е иронија до смрт, но Грујо со своето лудило всушност помогна да се извади добар резултат со Грците!

Објавено на 15.06.2018 во 23:51:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ако го послушате паторот и стварно го прочитате детално договорот со Грција ќе видите дека онаму каде ние сме попуштиле се сите глупости кои овие 10 години ги направи Грујо.

Да не ги направеше Грујо тие глупости, ние ќе мораше да попуштаме онаму каде сега не моравме, како што е јазикот, идентитот, дали може да се преведат на други јазици името, идентитетот и јазикот, дали воопшто смее да ја користиме именката Македонија, дали придавката може да биде одвоена од именката Македонија, кодовите...

Ако видите каде се ние сега сме ретерирале, тоа се се будалаштините на Груевци, значи ќе мора да лепиме лепенки на античките споменици, ќе мора да ги лепиме сите гравури со знамето од вергина, ќе мора да ги мењаме читанките каде лудаците на Грујо тврдеа дека ние сме потомци на Александар и слично...

Пред тоа сменивме името на аеродромот и автопатот, исто така будалаштини на лудиот патор.

Значи, колку и да е иронично до смрт, сепак лудилото Грујово ни помогна да извлечеме добар резултат, а не како што некои тврдат, дека ни одмогнало...

Едноставно, луди и тотално нездрави и глупи, Груевци ја помрднаа линијата на фронтот далеку во територијата на Грците, па сега не моравме да ја враќаме многу во наша територија, Димитров имаше многу работи на располагање со кои може да се ценка, антика за идентитет, вергина за јазикот, учебниците за преводот итн итн, и така човекот спаси многу работи за кои сега на Ципрас му го палат собранието и му бараат оставка.

Едноставно, Груевци со своето лудило и тотална психоделија ги извадија од памет Грците па брзаа да го решат проблемот пред повторно да се јави некој лудак како Груевски кој ќе им ја краде целата историја и ќе глуми лудило!

Ние сме си потомци на Климент, Наум, Кирил и Методиј, разните просветители, херои од разните востанија, и тоа ни е сосема доволно.

Нема потреба да се китиме со туѓи перја и да правиме големи конфликти со наши соседи, битки кои се однапред изгубени, затоа што цел свет е научен дека античкиот свет им припаѓа на Грците и нема што ние тука да се мешаме каде што не ни е местото!

п.с И не само со антиката и Скопје 2014-та, Грујо го помогна решението и со 27-ми април. Грците се исплашија дека може да има војна во земјава, и тоа ќе влијаеше на состојбата во Грција, немаше да има безбедна рута за туристите од ЕУ и регионот но и од самата Македонија, ќе паднеше трговската размена и со Македонија и со регионот, ќе имаше помалку инвестиции во Грција итн итн, едноставно на Грција и одговара мирен балкан за подобра економија за да се извлече од должничката криза во која е.

Затоа на Грцие им беше важно да не бутнат во ЕУ и НАТО за да се смириме еднаш засекогаш! Значи два пати Грујо со своето лудило ни помогна, да се чудиш и да се крстиш!

Ако ја чита оваа колумна сигурно ја јаде кондурата, оние шпицестите чарли чаплин што ги има...

п.п.с Всушност ако одиме до крај, Грујо помогна да се реши проблемот и со фактот дека крадеше, па мораше да падне од власт и да дојде на власт Заев кој имаше повеќе храброст за ова прашање. Да не крадеше, Грујо сеуште ќе беше на власт и ќе имаше голем рејтинг и народот ќе го слушаше и немаше шанси да се реши проблемот...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија