ЕРОЛ РИЗАОВ: Нова ера во Македонија!

Објавено на 16.06.2018 во 00:52:58 часот | Колумни

Ерол Ризаов

Новинар


makedonija

Македонија ја обезбеди својата европска иднина, Грција го заштити своето минато. Ова е главната рамка во која е сместена сликата на идните односи меѓу Грција и Македонија. Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев демонстрираа државничка храброст и подготвеност на саможртва да го разрешат повеќедеценискиот спор кој ја блокираше Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, а Грција да биде лидер во регионот, клучен играч во евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан.

Премиерите Ципрас и Заев влегуваат во современата историја на двете земји и на Европа, како одговорни политичари кои покажаа дека можат со политичка волја, подготвеност на компромис да ги решат и најсложените повеќедецениски нерешливи спорови. Министрите за надворешни работи, Никос Коѕиас и Никола Димитров, со своите тимови макотрпно одработија голема работа за идните генерации. Ќе биде голема несреќа ако оваа значајна работа не заврши како што доликува на историскиот чин.

Целата колумна на Ерол Ризаов во Независен Весник, овде.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија