Почитуван Оливер Спасовски и шефови на БЈБ и ДБК, сега сиот терет ќе биде на ваш грб и на вашите вработени полицајци, специјалци и агенти, ве молам заштитете го народот од дивеењето на гневните и полудени орди!

Објавено на 18.06.2018 во 15:15:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Тешко на полицајците овие наредни 12 месеци, колку ли само цајкани ќе бидат повредени, се надевам не и убиени под налетот на полудените орди кои мислат дека нешто бранат со тоа што ќе го палат собранието и ќе убиваат полицајци, политичари и новинари...

Но, вие што сте на вмрвот на МВР, БЈБ и ДБК и разните специјални единици, ве замолувам во соработка со ОЈО заштитете го народот. 

На пример, грешка е што вчера немало полиција и на плоштадот кој ќе ги штити рестораните кои биле во патека на движење на комитите, можело да бидат тешко повредени цивили во тие ресторани.

Морате да се потрудите да превенирате насилие со апсење на сите кои на јавни мрежи повикуваат на насилие и убиства.

Морате да изнесете на улица доволно полиција, ангажирајте го резервниот состав.

Овие денови  под голема закана се политичари, новинари, владици, аналитичари, активисти кои се означени за предавници само затоа што сакаат компромис со Грција и влез на земјава во ЕУ и НАТО како начин на осугурување на иднината на оваа земја.

Ве молам МВР, бидете на висината на задачата па дури и повеќе од тоа, ајде да си дадеме задача, оваа бурна година да ја завршиме без ниту една жртва и без ниту еден тешко повреден човек, ок?

Нема да ви биде лесно, ќе изедете многу ќотек, но Македонија смета на вас, сите ќе ве бодриме и ќе ви бидеме благодарни!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија