КОЅИЈАС РАСПАЛИ СО ТЕШКА АРТИЛЕРИЈА ПО ГРЧКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ: Истите оние што сега протестираат во Грција, ги пречекуваат со голема радост соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат!

Објавено на 18.06.2018 во 19:15:55 часот | Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вели дека истите оние што сега протестираат во Грција против договорот за името ги пречекуваат со голема радост соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат.

„Договор без компромис има само во време на војна, со соседната земја не сме во војна, пријатели сме, истите оние што сега протестираат во Грција, ги пречекуваат со голема радост соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат“, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Алфа989“, пренесено од државната агенција МИА.

Според Коѕијас, „половина од населението од соседната земја, секое лето се туристи во северна Грција, а најмалку два пати во годината секој граѓанин влегува и купува во Грција“.

Коѕијас во интервјуто упати критики до опозициската Нова демократија и го повтори неговиот став дека опозициските партии и во двете земји имаат идентични позиции и додаде дека Нова демократија функционира како партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Атина.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет