Чистењето на СДСМ од типови како Солза Грчева, Васко Ефтов и Стевчо Јакимовски е најдоброто нешто што Груевизмот и го направи на Македонија!!!

Објавено на 18.06.2018 во 20:18:32 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Стевчо е 25 години во мак политиката, од кои 20 години бил дел од СДСМ и ЛДП, а сега го гледавме на Канал 5 како плука по се што направиле СДСМ и ЛДП од 90-та па до ден денес.

Се што станал Стевчо во животот, и министер и градоначалник и ситен бизнисмен му го должи на СДСМ и ЛДП!

И вечера плукаше не само по СДСМ и ЛДП како партии, не по нивните дела, туку и по нивната филозофија, по нивната идеологија, буквално човекот 25 години бил тамо насаден на диво, како диво месо, како кукавичко јајце.

Ист е муабетот и со Солза и слични националистички ѓубриња како Васко Ефтов!

Солза и Ефтов не само што не се левичари и либерали, па тие се покажаа како најголемите фашисти во оваа земја!!!

Па нивната омраза кон западот е застрашувачка, нивната љубов кон Путин и Русија е страшна, луѓето се политички на нивото на еден Јанко Бачев човече!

Еј, едно време Стевчо требаше да биде и во трката за наследник на Бране во СДСМ, а вечерва на Канал 5 лупаше такви зелени како на пример, Тито ја правел Македонија за Македонците, другите народи многу да не галамеле?!?!

Па каков е бе тој Шешељовски поглед на политиката, чисто етнички, па човек да се фати за глава каква будала за малце ќе станела лидер на СДСМ и по можност и иден премиер на земјата?!

Што ќе сме имале тогаш, левичарска верзија на Грујо?! Мајко мила!

Значи, ако е нешто добро од Груевизмот, е што ја очисти СДСМ од разните олоши и диви меса, баш како Лазе Еленоски, Солза Грчева, Васко Ефтов и Стевчо Јакимовски.

Фала ти Грујо, си не спасил од голема главоболка!!! Затоа е СДСМ сега како подмачкан тенк Леопард двојка, рипа по 20 метра у ваздух и цепа со 100 на саат а тежи 50 тона и гази све пред себе во правец кон Брисел и Вашингтон!

СДСМ работи како подмачкана моќна машина затоа што на Бихачка останаа само фанатиците, вистинските левичари и либерали, вистинските прозападни продемократски сили кои беа спремни затвор да лежат за тие идеали!

Груевизмот го направи СДСМ посилен со тоа што ги истресе од него вошките и лебарките попут Стевчо!!!

Затоа е Заев толку успешен премиер, знае дека зас себе го има моќниот СДСМ!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија