Грешат вмровците ако мислат дека ние подржувачите на договорот со Грција сме среќни што ќе се менува името, но во животот некогаш се носат тешки но мудри одлуки

Објавено на 18.06.2018 во 23:10:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислам дека има една забуна во јавноста...

Оние кои не ги разбираат бенефитите од договорот со Грција, не ја разбираат ниту нашата радост за договорот, кога мислам нашата мислам на нас подржувачите на договорот...

Они мислат дека ние се радуваме што се менува името на земјата. А не е така.

Никој не е среќен поради тоа во земјава. Напротив, тажен е секој пораз, а ова е сепак пораз за нас.

Но некои порази вреди да се прифатат, затоа што некои победи се пирови или неможни да се добијат. Некои битки не вреди да се бијат на долг рок. Некои битки самите по себе се пораз.

Овој пораз со Грција сепак носи примирје кое ќе донесе многу бенефити за земјава и овој народ кој живее тука.

Со тоа тој пораз дури и не е пораз туку е победа по последиците, иако технички е пораз.

Со тоа што се земјава добива од тој пораз, може да се каже дека тој пораз е дури и победнички пораз за оваа земја.

Ќе добиеме од непријатели, пријатели.

Од изолирана земја ќе станеме членка на НАТО и ЕУ.

Од земја со неизвесна иднина ќе се бетонираме за навек.

Ќе добиеме неколку милијарди евра инвестиции.

Ќе добиеме нови поврзувања инфраструктурни, ќе имаме подобра економија а со тоа и поголеми плати и повеќе можности за работа и кариера.

Со сето тоа, овој пораз воопшто не е горчлив, но сепак никој не е среќен за самиот пораз, но сме среќни за тоа што следи после него, за можностите, за иднината, за убавините кои ќе следат.

Се разбираме ли вмровци сега?

Ние сме само позрели од вас и гледаме подалеку, како што било многу пати досега од 90-та па наваму, вие немате за жал интелектуална и емоционална интелигенција и капацитет да носите мудри одлуки, се чудам како воопшто сте успеале во животот и кариерата да створите семејства и кариери и пари, сето тоа бара тешки компромиси и тешки одлуки...

Вие се однесувате како мали деца, се срдите за некаква неправда и слично, па зарем сеуште не разбравте дека животот не е фер, но што ќе правиме, ќе плачеме ли сега за тоа?!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија