ОВАА ФОТОГРАФИЈА ОД ДЕТЕНЦЕ КОЕ ПЛАЧЕ И ГЛЕДА КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ НА ГРАНИЦАТА СО МЕКСИКО ЌЕ ЈА СРУШИ ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ТРАМП!

Објавено на 18.06.2018 во 23:38:34 часот | Свет

Стравот на детското лице фатен од добар фотограф може да направи чуда во политиката.

Ништо досега не можеше да го бутне Трамп на грб, но оваа фотка која се врти по медиумите веќе со денови му нанесува огромна штета, до таа мера што дури и Меланија Трамп се сврте против него!!!

Имено за што се работи? Трамп решен да го изгради ѕидот со Мексико реши да воведе нула толеранција со илегалците со цел да ги натера демократите да гласаат за градење на ѕидот во конгресот.

Тој свесно реши да игра тврдо со илегалците на границата со Мексико и ги апси сите илегалци и ги праќа во затвор, а децата ги одзема и ги носи во детски центри.

Тоа делење на дечињата од родителите предизвика вистинска паника во Америка која е во принцип конзервативна и фамилијарно ориентирана, па сега и десницата и левицата се обединија кон заштита на децата.

Наместо да ги клекне демократите на колена, Трамп си направи беља и наместо да жнее поени од успешниот самит со Северна Кореја, тој сега е под жесток оган дури и од своите гласачи па дури и од својата сопруга, Меланија која објави соопштение во кое го осудува одвојувањето на децата од родителите на границата со Мексико.

Американците толку многу сакаат деца, што ниту еден кандидат за претседател не испушта прилика во кампања да се слика со бебиња во рацете, тоа е веќе дури и политичка традиција!

Трамп се сопна и влета во ПР дупка сосема неочекувано. Некои го осудија одвојувањето на децата до таа мера што го споредија со одвојувањето на родителите и децата во Аушвиц!

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија