(ВИДЕО) УЖАС - ДОБРО ИМА ЛИ МПЦ МЕХАНИЗАМ ДА ГИ РАСПОПУВА ОВИЕ МОНСТРУМИ: ПОП СТЕФАН ОД БИТОЛА ПОСАКА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДА УМРЕ!!!

Објавено на 19.06.2018 во 10:31:58 часот | Македонија

Поп Стеван: Ако Заев се причестува, тогаш отров да му се стори (ВИДЕО)

– Ме критикуваат за тоа дека учествувам на протестите и ми велат дека Заев бил христијанин кој се причестува. Ако се причестува, тогаш отров нека му се стори причестот – рече поп Стеван.

Свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија со која раководи г. Петар, повторно излезе на протестите во Битола и повторно упати погрдни зборови за политичарите од актуелната власт..

Качен на фонтаната на градскиот плоштад, со микрофон во рацете, тој им соопшти на демонстрантите дека со Владата на СДСМ раководи Јуда, а притоа се пожали дека на социјалните мрежи добивал бројни критики за тоа дека свештеник во мантија не треба да учествува на политички собири.

– Ме критикуваат за тоа дека учествувам на протестите и ми велат дека Заев бил христијанин кој се причестува. Ако се причестува, тогаш отров нека му се стори причестот – рече поп Стеван.

Оваа негова скандалозна изјава се појави само неколку дена по неговото прво излегување на протест кога истакна дека името на државата ќе го одбранат свештениците со оружје во раце.

Извор: Слободен печат

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет