ВЛАДИКАТА ЕВРОПСКИ ПИМЕН: МПЦ ЌЕ ГО САНКЦИОНИРА СВЕШТЕНИКОТ ОД БИТОЛА КОЈ МУ ПОСАКА СМРТ НА ПРЕМИЕРОТ!

Објавено на 19.06.2018 во 11:13:52 часот | Македонија

Мактел: Владика Пимен, што велат интерните правила на МПЦ, по кој основ може свештено лице да биде избркано од служба, еве во Битола имаме поп кој повикува на смрт на премиерот Заев? Тоа спаѓа во слобода на говор или има правила кои еден поп на МПЦ треба да ги следи?
 
Владика Европски, Пимен: Слободата на говор во Црквата мора да има, но никако и говор на омраза и посакување на зло на ближниот, па ни на непријателот. Наше е да се молиме за вразумување на некој за кој сметаме дека греши. Во овој случај имаме посакување смрт што воопшто не е христијански, па верувам дека надлежниот архиереј наскоро ќе отвори постапка согласно каноните на Црквата и овој свештеник ќе биде санкциониран.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет