ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ПОМИНА НА ПРВО ГЛАСАЊЕ СО 69 ГЛАСА ЗА, ЗА ДВА ДЕНА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ФИНАЛНО РАТИФИКУВАЊЕ!

Објавено на 19.06.2018 во 12:04:53 часот | Македонија

Пратениците со 69 гласови ЗА изгласаа Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција да се гласа по скратена постапка. Четириесет пратеници беа против.

Предлогот го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека ратификацијата во македонското Собрание треба да се случи пред Европскиот совет кој на крајот на месецот ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за преговори. Во текот на неговиот говор пратениците до ВМРО ДПМНЕ од своите места извикуваа „предавник“.

По гласањето за да се усвои скратената постапка за донесување на предлог законот, тие почнаа и да удираат со рацете по собранискитге маси и извикуваа: „Уа предавници,  ја продадовте државата“.

Сега ќе биде закажана седница на Комисијата за европски прашања. Комисијата ќе има два дена односно до среда на полноќ за разгледување на договорот. Откако ќе помине на Комисијата, Предлог-законот за ратификација на договорот повторно ќе се најде на пленарна седница за да биде финално ратификуван.

За ратификација потребно е обично мнозинство, односно мнозинство од присутните пратеници.

извор: Нова

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет