Ратка Димитрова и Димитар Димитров треба да се гордеат со својот син, Никола Димитров е нашиот Горан Пандев во дипломатијата и политиката!!!

Објавено на 19.06.2018 во 22:41:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ееееј, проблемот со името го реши ВМРОВЕЦ човече... Син на основачите на ВМРО ДПМНЕ, Ратка и Димитар Димитрови...

Но тој, со тоа што во политиката е веќе 20 години, од кои 10 години е по Њујорк и Брисел и останати метрополи, имаш шанса да учи од типови како Метју Нимиц, стари Американци и дипломати од светски ранг, и резултатите се видливи...

Никола Димитров е дипломат и политичар од светски квалитет, она што е Горан Пандев во фудбалот...

Затоа успеа за само една година да ја сврти Македонија за 180 степени, од Москва и Минск кон Брисел и Вашингтон!

Со својот шарм, мудрост, тактика, дипломатски манири, па дури и изглед, држење на телото, говор на телото, љубезност, мудрост, тој и донесе на земјава големи допломатски победи кои вредат злато за нацијата...

Ратка и Димитар Димитрови треба да се горди, секоја мајка и татко би посакале ваков господин, успешен способен храбар човек кој носи такви тешки товари и рушти такви бариери и жнее успеси на меѓународна сцена!

Среќни сме што го имаме Никола Димитров!!! Колку ли е убаво да работиш со него, да си дел од неговиот тим, да си негов пријател, им завидувам на тие луѓе.

п.с Политичкиот и дипломатски развој на Никола Димитров одеше паралелно со развојот на кариерите на Филип Петровски, Антоњо Милошоски, Влатче Ѓорчев, они се иста генерација, родени 75-та до 80-та.

Можете ли да пробате да ги споредите каде стигнаа кариерите на овие луѓе?! Не се сите ВМРО-вци исти, едни забегаа во тињата и талогот на фашизмот и шовинизмот, гости се кај Јанко Бурек и херои се на портали како Инфомакс и Курир, други ги достигнаа височините на светските великани на политиката и дипломатијата, за нив со пофални зборови пишуваат еден Њујорк Тајмс, ББЦ, ЦНН, Вашингтон Пост, Гардијан... 

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија