Ако грчката опозиција реши да го поништи договорот кога ќе дојде на власт, тоа ќе биде во наша корист!

Објавено на 20.06.2018 во 11:03:40 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ајде да ја разгледаме варијантата ако идната грчка власт а сегашна опозиција реши да го поништи договорот за името.

Што ќе се случи тогаш? Ние ќе си го вратиме името Република Македонија а ќе си останеме во НАТО и на патот за ЕУ, Грција нема да може да не исфрли од НАТО нити пак да не спречи на патот за ЕУ затоа што веќе се знае кој прифати компромис а кој поништи компромис, цел свет ќе биде против Грција во тие моменти, ние ќе бидеме хероите а тие лошото момче во приказната...

Ние ќе останеме со бенефитите а Грците ќе се откажат од бенефитите, тоа ќе биде невиден пораз за Грција и ниту една грчка власт нема да се осмели да си даде таков автогол.

Исто е и кај нас, ВМРО ДПМНЕ и да дојде на власт нема да смее да се дрзне да го поништи договорот затоа што цел свет ќе се сврти против нас и можно е да не исфрлат од НАТО и да прекине одењето кон ЕУ, ниту една власт не е толку луда да го направи тоа па макар тоа биле дури и ВМРОНИТЕ!!!

Друга е приказната што они нема да дојдат на власт наредни 10 години, а и за да дојдат ќе мора да ветат милион пати дека нема да го поништуваат договорот со Грција за Албанците да решат да прават со нив влада!!!

Така да, спокојно народе, се ќе биде во ред!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија