НОВ УСПЕХ НА ВЛАДАТА: Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во земјава и ќе вработи 300 работници

Објавено на 20.06.2018 во 12:57:15 часот | Македонија

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во земјава во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.

Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ министрите ја  усвоија  на денешната 75-та седница на Владата на Република Македонија.

„Теламон“ произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање.

Компанијата е една од најголемите во САД и има свои претставништва во Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико. Фабриката во Република Македонија ќе биде четврти меѓународен капацитет и седиште на Теламон – Европа.

Владата на седницата донесе одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и за висината на закупнината, а потоа го усвои нацрт – договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги АИМ ПРОПЕРТУ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, како и ја прифати нацрт – одлуката за давање на согласност на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија и услуги АИМ ПРОПЕРТУ ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет