АЈДЕЕ: РЕЖИМСКАТА КУРТИЗАНА КАРАКАМИШЕВА СЕ ЖАЛИ ДЕКА ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ ОТКАКО И ПРЕСТАНА АНГАЖМАНОТ ВО 10-ТИНА НАДЗОРНИ ОДБОРИ И НЕ ЗЕЛА ПЛАТА НА ПРАВЕН!!!

Објавено на 20.06.2018 во 13:16:47 часот | Македонија

Гласната режимска експертутка испрати писмо до медиумите во кои се жали дека останала без плата:

Почитувани колешки и колеги,

Драматичната финансиска состојба ја чувствуваме, кој повеќе, кој помалку сите вработени на Факултетот веќе подолго време. 

За неа секако можеме да зборуваме на долго и на широко. Но, намерата за моето обраќање до вас не ми е да зборувам на долго, иако имам аргументи за многу долга дебата.

Со оглед на фактот дека никој не сака јавно (иако во кулоарите сите зборуваме за нив) и целосно да ги открие ПРИЧИНИТЕ за очајната финансиска состојба во која се најде Факултетот, а кои се многу точно и прецизно наведени во извештаите на Државниот завод за ревизија, она што ни останува како колектив е да ги санираме ПОСЛЕДИЦИТЕ!

И предложениот начин од Деканатската управа го гледам како еден од легитимните чекори кон постигнување на крајната цел-да се оправиме финансиски затоа што во спротивно не ни ја бива работата. 
Но, пред да зборуваме за можните решенија како заеднички да испливаме од оваа финансиска состојба ќе мора да ги земеме предвид основните начела при постапување во секоја кризна состојба. 

Првото начело е транспарентноста. Ова начело е делумно запазено со политиката и чекорите што ги презема новото факултетско раководство. Иако транспарентноста не смее да биде делумен процес (мора да бидат прецизно наведени СИТЕ причини кои не довеле до оваа состојба), сепак моите пофалби до раководството за досегашната работа на овој план. 

Второто начело е солидарноста. Во услови на финансиска криза од ваков вид, колективот најмалку што мора да направи е комплетно да се СОЛИДАРИЗИРА со состојбата и едногласно да одлучи за примена на принципот солидарна одговорност на сите членови во процесот на надминување на кризата! 
Целосна солидарност како единствен начин за надминување на финансиската криза! 

Делумна солидарност, како што е предложена во предлогот од Деканатската управа, нема да донесе целосен успех во крајната цел, а може да создаде и нови проблеми во делот на меѓучовечките односи и префрлување на вината од еден на друг! 

Моето барање до Деканатската управа и до сите колеги на Факултетот е да се прифати принципот на целосна солидарност и ставање на целосен мораториум на трошењето и на СИТЕ ИСПЛАТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ДО МОМЕНТОТ НА НАШЕТО КОМПЛЕТНО ФИНАНСИСКО ЗАКРЕПНУВАЊЕ!

Овој пристап е одговорен пристап. Овој пристап ќе не донесе побрзо кон постигнување на крајната цел, сите вработени ќе го понесат бремето на колективната неодговорност во минатото (иако се согласувам дека сите не сме придонеле за ваквата состојба, но сите сме одговорни затоа што навремено не сме реагирале) и ќе не натера да размислуваме поодговорно за сегашното и посебно за идното трошење на Факултетот! 

Ако Факултетот одлучи да стави мораториум само на исплатите од мега-проектот, а при тоа продолжи да врши исплата на другите долгови, тогаш голем дел од колегите ќе бидат ставени во нееднаква положба, а процесот на финансиското закрепнување на Факултетот ќе трае подолго од она што би траел ако бидат затворени сите исплати! 

Со оглед дека со голем дел од вас веќе разговарав на оваа тема и веќе се разменети ставови во врска со ова прашање, јас секако ќе доставам и писмен предлог до Институтот и до ННС, но мислам дека овој пат навистина треба да се ослободиме од формалностите и да ја погледнеме суштината на проблемот во очи. 

А суштината и целта на оваа акција е Факултетот побрзо да излезе од финансиската агонија. 

Излегувањето од агонијата ќе биде побрзо и поефикасно ако сите подеднакво го преземеме товарот и солидарно учествуваме во процесот на финансиското закрепнување на факултетот! 
Солидарноста, одговорноста и транспарентноста во процесот ќе не донесат побрзо и побезболно до целта.

Поздрав,
Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет