Ахмети за договорт со Грција: Исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во ЕУ и во НАТО

Објавено на 21.06.2018 во 22:10:07 часот | Македонија

Ахмети: Исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во ЕУ и во НАТО

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, го поздрави денешното потпишување на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
 
“Го поздравувам денешното потпишување на долгоочекуваниот договор кој претдтавува исполнување на нашиот сон за целосно интегрирана Македонија во Европската унија и во НАТО.
 
Работевме напорно и со голема посветеност да дојдеме до овој ден кога ќе се построиме на правилната страна на историјата.
 
Честитки до сите и ве уверувам дека ова е вистинската одлука за заедничката иднина и за најдоброто можно за сите наши граѓани “, истакна лидерот на ДУИ, Ахмети.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет