Трагедијата во Велес е една трагична приказна и доказ дека светот треба да размислува за давање дозволи за тоа кој може да има дете!

Објавено на 21.06.2018 во 22:36:42 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Да заклучиш дома сами деца од 1 до 4 години, и двата родители заедно да отидат во продавница на еден саат време е невидено лудило.

Исто како и идејата да чуваш 4 деца заклучени во куќа со една соба во сред шума без вода и струја...

Па уште и децата биле од различни татковци па има индиции дека некој и го подметнал пожарот...

За да биде црната иронија до крај црна, таткото копал гробови за да преживее.

Не, дефинитивно треба светот да размисли да дава дозволи за тоа кој може да има деца или не, не може секој ментален случај да прави деца и потоа тие да горат како свеќи во собичка во сред шума.

Ова е хорор филм, но ваквите хорор приказни ги има секаде околу нас...

Три ангелчиња изгореа, колку ли биле само исплашени душичките, колку ли пискале и врескале.

Светот е невидено суров, сите ние што сме израснале со нормални родители треба да се среќни и секој ден да сме благодарни до небо.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија