(ВИДЕО) Свиркачот Лазаревски од УБК: На шведската маса со „бомби“ немало што нема

Објавено на 21.06.2018 во 23:51:29 часот | Македонија

Од МВР успеавме да изнесеме околу 3 отсто од целокупниот прислушуван материјал, не знам што се случило со другите прислушувани разговори.

Ова во вечерашната „Само вистина“ на Канал 5 го истакна еден од двајцата свиркачи кои ги открија нелегално прислушуваните разговори Ѓорѓи Лазаревски.

– Официјална бројка е дека биле нелегално следени над 5.000 граѓани. Е сега, кога ќе се помножи тоа со бројот на граѓаните со кои тие разговарале, може да се дојде до бројка од 50-100 илјади луѓе – изјави Лазаревски.

Симболично изразувајќи се, Лазаревски вели дека на „Шведската маса немало што нема“.

– Тие системи постоеле исклучиво за безбедносна потреба, а не за она за што се користеа – вели Лазаревски.

Според него, броевите на Груевски и на Мијалков се слушани поради телефонски разговори со лица од владата на Груевски чии телефони биле ставани како таргет на слушање.

– Без инволвираност на сите телефонски оператори не било возможно да се изведе прислушувањето во толкав обем и со толку чисти снимки – вели Лазаревски.

Лазаревски новозапослените структури во УБК, во емисијата ги нарекува параструктури и кажа дека по 4-5 лица биле секојдневно ангажирани да прислушуваат и да прават транскрипти од разговорите. Тој вели дека и други лица во УБК и Петтата управа знаеле за нелегалното прислушување, но не се охрабриле да кажат.

Лазаревски се пријавил на конкурсот за прв човек на новоформираната агенција ОТА, бидејќи вели, ги поседува професионалните капацитети.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет