ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ: Бомбите ги вадевме од ДБК речиси 3 години, на почетокот ги изнесувавме на ДВД цедиња а потоа и на УСБ стикчиња!

Објавено на 22.06.2018 во 21:10:44 часот | Македонија

- За илегалното прислушкување јас и Ѕвонко Костовски разбравме некаде 2008-ма, почна да се шушка за тоа низ МВР, а ни пукна филмот некаде 2010-та кога почна да се затвора А1 телевизија и решивме да реагираме и да ја известиме јавноста, па почнавме да ги вадиме бомбите од 2011-та до 2014-та кога ме уапсија, значи околу 3 години. Ги вадевме на ДВД цедиња а потоа и на УСБ стикчиња, Звонко имаше пристап до базата каде се чуваа, изненадени бевме со која леснотија ги извадивме снимките од системот. Имаше на располагање многу снимки, Ѕвонко ги бираше кои да се вадат, гледавме да нема приватни афери туку само кршење на закони.

Ѓорѓи Лазаревски, еден од двајцата херои од ДБК кои ги дадоа снимките на Зоран Верушевски кој потоа ги однесе на Бихачка.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет