ИБРАИМОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ВЛАДАТА: Предлог законот за отпис на камати на долгови, треба да се доработи, ваков каков што е сега е практично штетен!

Објавено на 22.06.2018 во 21:41:59 часот | Македонија

 
Предлог законот сериозно го загрозува темелното и разумно разрешување на проблемот со извршителите.
 
Се нудат решенија за минато, а иднината останува иста, односно се ќе си продолжи по старо, односно како што сега се одвиваат работите.
 
Предлог законот може да преставува сериозна пречка кон изнаоѓање на правични и трајни решенија и може да им наштети на напорите на Министерството за правда и на Владата на Република Македонија во изнаоѓање на квалитетни решенија околу прашањето со извршителите односно новиот предлог закон за извршители кој го приготвува Министерството за правда.
 
Предложените решенија нема да се применуваат веднаш туку после три месеци од влегување во сила на законот, тоа значи дека сегашните негативни состојби продолжуваат.
 
Членот три е непрецизен нејасен, и како што е поставен не треба да се прифати, затоа предлагам да се одржи јавна расправа и да се изјаснат и граѓанските организаци и лицата кој се загрозени.
 
Членот седум исто така треба да се доработи, затоа што главен проблем се нотарите и извршителите и нивните превисоки тарифи, надоместоците на извршителите се многу често повисоки и од главниот долг и од каматите и тоа значително ги оптоварува должниците, не само што нивните тарифи треба да се помали туку според мене и самата камата треба да се ограничи да не може да биде поголема од главниот долг.
 
На крајот сакам да истакнам дека јас како пратеник во Собранието на Македонија, како Социјален пратеник соработувам со граѓанските организации и загрозените граѓани и овие мои укажувања во делот на преложениот закон за отпис на камати произлегуваат од нивните забелешки и реални проблеми.
 
ПЦЕР
Самка Ибраимоски

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет