(ВИДЕО) НОВИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИЈА: Почнува изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка!

Објавено на 22.06.2018 во 22:02:43 часот | Македонија

Zoran Zaev 6 hrs · 

Денеска го означивме стартот на градежните работи на Експресниот пат Ранковце - Крива Паланка кој претставува поддршка за развојот на регионот. Оваа делница ќе биде долга 23 километри, а широка 12,5 метри. Вредноста на инвестицијата ќе изнесува повеќе од 58 милиони евра.

Со изградба на патот Ранковце до Крива Паланка и понатаму до граничниот премин Деве Баир, сакам да потенцирам дека ја комплетираме изградбата на Коридорот 8.

Oбезбедуваме квалитетни услуги за граѓаните. Градиме патна инфраструктура за да го развиеме овој дел од Македонија, но и да обезбедиме услови за движење на граѓаните, соодветно на Европските стандарди. Остануваме посветени на реализација и изградба на капитални инфраструктурни проекти кои ќе овозможат брз и безбеден транспорт на стоки и услуги. Обезбедивме 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патна инфраструктура во должина од околу 800 км.

 

 

* реклами

 

 

Македонија

Свет