ЏЕЉО ХОЏИЌ: Tезите на Мухиќ околу историскиот договор помеѓу Македонија и Грција наидуваат на големо гадење кај огромно мнозинство на Бошњаците!

Објавено на 22.06.2018 во 22:44:50 часот | Македонија

Ферид Мухиќ спроти интересите на Бошњаците во Македонија и регионот, реагира Џељо Хоџиќ, директор на агенцијата за остварување на правата на заедниците.

,,Најголем интерес на Бошњаците како народ е земјите во кои живеат да бидат интегрирани во НАТО. Денеска тоа е прашањето по кое се разликуваат интересите на Бошњаците од интересите на политиката на Додик, Груевски, Дачиќ. Бошњаците во Босна во НАТО и САД гледаат стратешки партнер. Бошњаците во Црна Гора во НАТО и САД гледаат стратешки партнер. Бошњаците во Санџак (Србија) во НАТО гледаат спасител кој ја порази политиката на Милошовеиќ и ги спаси од трагедијата која ги снајде Косоварите. Бошњаците во Македонија во големо мнозинство се за интеграција во НАТО. 

Сега дојде време да паднат маските. На ачик, на видело, на чисто пред Бошњаците да излезат позициите на “големиот” Ферид Мухиќ.

За мене ова е очекувано. Јас го знам Ферид Мухиќ како кандидат за пратеник на партијата на Sинго во 1998 година. Оној Sинго кој имаше редовни средби во Белград во тоа време со Слободан Милошевиќ.

Денесека тезите на Мухиќ околу историскиот договор помеѓу Македонија и Грција наидуваат на големо гадење кај огромно мнозинство на Бошњаците. Веројатно симпатии на ваквите тези има Ивица Дачиќ во регионот, како и Бачев и Никовски во Македонија.

Сакам да кажам само уште нешто: Кога името на Ферид Мухиќ се најде на листата за пратеник на СДСМ и коалицијата, се воздржав од коментари за непринципиелниот чин. Прво, да не и наштетам на тогашната опозиција. Второ, не беше вкусно јас да реагирам јавно, затоа што бев засегната страна. Не е тајна дека и моето име се вртеше како потенцијално за пратеничката листа. Само знам дека на неколку блиски луѓе од СДСМ им објаснив зошто тоа е грешка. На Заев, тогашниот лидер на опозицијата, му кажав дека кој и да му го предложил не му мисли добро.

Јас целосно, со сето срце и душа, без никакви калкулации, условувања, барања и задршки ќе го поддржам договорот со Грција. Без разлика на мојот понатамошен ангажман. Сметам дека овозможувањето на членството во НАТО е најголем патриотски чин за државата во која сум роден и живеам. Сметам дека членството во НАТО е многу важно и за Бошњаците како народ. Договорот помеѓу Македонија и Грција ќе биде многу позитивен сигнал за регионот и ќе допринесе за пораз на идејата за промена на границите на Балканот, а кои доаѓаат од Москва и дел од политичката елита во Белград, Бања Лука и Скопје.

На крајот од денот, членството во НАТО и ЕУ ќе ни помогне да градиме напредно општество каде луѓе како Ферид Мухиќ, Солза Грчева, Ванковска и слични нема да бидат влијателни. Општество во кое ќе има простор за развој на демократијата и тоа нема да биде преставено како предавство“-стои во реакцијата на Хоџиќ, објавена на неговиот ФБ профил.

Мухиќ, како дел од коалицијата на СДСМ,  не го поддржа Договорот за името во Парламентот, а вечерва во емисијата Само вистина на Канал 5, го критикувал и објаснил дека не е исто да го смениш името на МАНУ и да ја задржиш придавката македонска пред пиперката.

Мухиќ смета дека договорот е најирационалниот и најбесмислениот договор и договор кој можеби ќе беше подобро да претпоставува да им дадевме територија или пари на Грција или да го сменевме само името на државата и по цена да немало Македонија во него, но никако ваков договор со кој, според него, се брише историјата на еден народ , се бришат сите етникуми во Македонија не само Македонците туку и Албанци, Турци, Власи, Турци, Роми  итн и дека целта била менување на границите и јасно разграничување на Муслиманите и Христијаните..

Сепак Мухиќ смета дека премиерот Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до овде и штом прифатил ваков договор, бил приморан на тоа , смета независниот пратеник Мухиќ. Според него,   за промена на име не треба ни граѓаните да излегуваат на референдум, бидејќи  тие не можат да менуваат нешто што не го спечалиле. Со овој договор се порекнува Македонскиот национален идентитет, смета Мухиќ.

Извор: АКО.мк

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет