БРАВО КОЧО, ЧЕСТИТКИ, АКО УСПЕЕШ ДА РЕАЛИЗИРАШ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ДОМАШНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МИКРО БИЗНИСИ, ТОА ЌЕ БИДЕ РАМНО НА РЕВОЛУЦИЈА!

Објавено на 24.06.2018 во 13:25:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


1300 лица ќе се вработеле во поднесените барања за грантови.

Просечната плата е 43 000 денари.

Вкупната планирана инвестиција е 50 милиона евра, од кои 35 милиони се грантови од државата.

БРАВО! ЧЕСТИТКИ ЗА ТИМОТ НА КОЧО АНЃУШЕВ! БРАВО ЗА ВЛАДАТА!

Овие 50 милиони евра ќе креираат и повеќе работни места индиректно, затоа што тие 50 милиони евра ќе отидат во набавка на опрема, кирии, сметководители, адвокати, возила, гориво, струја, вода, интернет, мобилни телефони, ИТ опрема, хартија, тонери, сервиси за чистење, кетеринг за храна итн итн...

Ова е рамно на револуција!

Ако на овие 50 милиона евра се додадат над 500 милиони евра странски инвестиции кои се очекуваат оваа година, 500 милиона инвестиции од буџетот за патишта и школи и водоводи и хидроцентрали, плус уште 100-тина милиона евра инвестиции на големите македонски компании, тогаш 2018-та ќе ја завршиме со едно 1150 милиона евра инвестиции во земјава, тоа ќе биде навистина нешто феноменално!

Ајде само напред, тек кога ќе влеземе во НАТО догодина, овие бројки ќе се дуплираат, не чека вистинска бизнис револуција, ќе се препородиме како земја!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија