Сите државни институции кои го носат името Македонија да се преименуваат во ДРЖАВНА, на пример ДРЖАВНА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА, ДРЖАВЕН ТЕАТАР, ДРЖАВНА ОПЕРА И БАЛЕТ, ДРЖАВНА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ...

Објавено на 25.06.2018 во 19:03:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Постои многу лесно решение за сите државни институции кои го носат името Македонија.

Наместо кратенката Северна да се додава во името и да се добијат некои смешни кратенки како на пример АНУСМ за МАНУ, или СМРТ за МРТ, тие треба да се преименуваат во ДРЖАВНА...

На пример, Државна Радио Телевизија, Државна Академија на Науки и Уметности, Државна Опера и Балет итн итн...

Ова веќе го има во светот, многу оркестри и ансамбли носат име државен ансамбл од таа и таа држава и се знае за кого станува збор.

Значи за се има решение, само ако се сака да се реши проблемот, ако сакаме да си помогнеме самите на себе.

Ова важи и во политиката и во животот.

Да бидеме практични, разумни, да не се занесуваме и да не удираме со главата во ѕид!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија