ПРИКАЗНАТА ЗА НЕСТОР ОГИНАР: СО ЖЕНА МУ ДВАЈЦАТА ИМААТ АМЕРИЧКА ПЕНЗИЈА ОД ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ, ИМААТ КУЌА ОД 2 МИЛИОНА ДОЛАРА ВО ЊУЈОРК И СТАН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, ДЕЦАТА МУ ЖИВЕАТ ВО ЊУЈОРК И ИМААТ СТАНОВИ И КАРИЕРИ

Објавено на 25.06.2018 во 19:45:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Професорот по англиски јазик, Нестор Огинар деновиве дига голема галама во земјава, протестираше прес собрание, го нарече Заев мртовец и физички и политички.

На Алфа телевизија раскажа дека ќерка му го пратила во Македонија да протестира за името.

Кој е Нестор Огинар? Тој и неговата сопруга се пензионирани професори по англиски и француски јазик, значи имаат американска пензија која е во илјадници долари.

Имаат куќа во Њујорк која вреди околу 2 милиона долари.

Во Скопје имаат стан во центарот на градот кој вреди околу 100 000 евра.

Ќерките живеат и студираат во Њујорк, мажени со свои станови и куќи.

Лесно е така да се брани името, од Њујорк, со америчка пензија, со деца кои имаат убав живот, со имот кој вреди милиони. Несторови времето го поминуваат со шетање по Мексико и Карибите со крстарење по бродови, со својата америчка пензија можат тоа да си го дозволат.

Немаме ништо против тоа, нека им е слатко и со здравје и со среќа, но, сепак, има нешто гнило овде...

Што е со Македонците кои не можат да најдат работа затоа што земјата е слепо црево на балканот, кои земаат 200е месечно, кои не можат да си ги прехранат децата?!

Се запрашале ли некогаш за ова овие луѓе кои се стегнале од белиот свет и дошле тука да ни држат лекции за државата која ја имаат само во песните и спомените а живеат во срцето на НАТО?!?!

п.с Овие информации ги знам затоа што им бев гостин нему и на неговата сопруга пред една година во станот во Скопје при што му направив интервју на Огинар кој тогаш беше против режимот на Груевски.

Тие се прекрасни луѓе. Тој тогаш и скромно го помогна мојот портал со донација од 50 долари за што сум му благодарен.

Тој тогаш ми раскажа како мачно се бореле со својата сопруга да успеат во Америка, како работеле по 2-3 работи, како учел ноќе, а работел дење.

Со мака и труд стекнал се што има, но и во Македонија луѓето работат и дење и ноќе но трудот не се цени затоа што Македонија не е Америка, како тоа не го разбирате професоре, помогнете му на народот, борете се договорот да успее, Македонија да влезе во ЕУ и НАТО па макар и како Северерна затоа што народот умира професоре, не се женат, немаат деца, се иселуваат како вас, сакате ли Македонија да остане пустелија професоре?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија