ЧЕСТИТКИ ЗА ТИМОТ НА АЦО КАБРАНОВ ВО 1 ТВ ЗА ИНТЕРВЈУТО СО ПРЕМИЕРОТ, БРАВО, ОВА БЕШЕ СВЕТСКИ ПРОДУКТ!

Објавено на 25.06.2018 во 23:40:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Браво дечки, ви симнувам капа!

Ваков ТВ продукт не сме гледале во земјава одамна!

Ете стигна живот и за телевизиите, по 10 години ТВ ЌЕЛЕПУР или аматеризам во секој можен аспект конечно имаме исчекор во тв продукцијата и новинарството.

Бисер во емисијата беше тв прилогот во кој првите соработници на Заев кажуваат што им смета кај него, тоа го нема ниту во Америка дечки, браво.

Тешките прашања од гледачите, кои на моменти беа брутални, како тоа за Вице Заев, потоа коментарите дека премиерот е предавник, прашањата од Кабранов дали се слушнале со Црвенковски и на крај бомбата од премиерот дека ќе си поднесе оставка ако не успее референдумот...

Браво 1 ТВ, ако продолжите вака многу бргу ќе бидете навистина број 1 во македонските телевизии.

Засега динствена конкуренција ви е емисијата Отворено на Тв 24 и секако Топ Тема на Телма.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија