По кој знае кој пат ова ѓубре од претседател без око да му трепне ја втурна земјата во амбисот, каков предавник, каков дилетант, каков неверојатен колосален кретен!

Објавено на 26.06.2018 во 11:42:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мало дете од десет години да го ставиш во вилата Водно и да му објасниш, мали види вамо, ова е ЕУ и НАТО, ова е Грција, ова е балканот, оволкави се платите, оволкава е невработеноста, еве го проблемот, еве ги ризиците, еве ги поволностите, еве го можниот договор, еве што ќе добиеме, мислам дека откако ќе подразмисли со тоа главчето ќе рече, чичко, јбг, ја мислам дека треба да потпишам, само уште немам краток потпис, може ли со цело име и презиме со големи букви?

Значи полу ретардиран човек да довлечкаме од тие жалните домови Демир Хисар си слично и да го ставиме во вилата горе пак ќе донесе подобро одлуки од оваа неверојатна кретенчуга и шушумига која очигледно е во некаков дил со Москва и Белград, како да е опиен со тој источен свет, како своја животна мисија да има да се бори против западот, која лудачина е имбецилов...

Ние новинарите веќе подолго време сме сведоци на оваа опсесија на античкиот фикус, на секој дипломатски прием кој се организира од било чија страна, Хорхе секогаш го поминува така што ќе влезе во салата, ќе праша каде стои рускиот амбасадор и потоа со него ќе си муабети цел сааат и нема да им обрне внимание на никој од останатите амбасадори, па дури и американскиот, британскиот, германскиот, францускиот и ЕУ амбасадорот... Тие ќе му пријдат да се поздрават, и по краток муабет он ги одјебуе и продолжува да си се смешка и муабето со Шчербак, како да е опиен од него...

Ние буквално имаме предавник во претседателската фотеља, затоа што земјава ако се обидуваш да ја вртиш кон Русија ти ја носиш кон амбисот, кон распад, затоа што 70% од народот сака во ЕУ и НАТО, а Албанците се закануваат и дека ќе се отцепат ако не влеземе во ЕУ и НАТО во блиска иднина. И тоа и да си мало дете би требало да го знаеш.

По кој знае кој пат, Иванов мртов ладен, како што му прилега само на психопат или лудак или тежок дебил, направи постапка за која има да се раскажува со децении, ама по лошо. Ова непрокопсано шилеже покажа дека е еден од најголемите штетници што сме ги имале на висока позиција, рамо до рамо со Грујо, Мијалков и останати бараби и лудаци!

п.с Иванов е идеологот, креаторот на антиквизацијата во Македонија. Не може он да се согласи со договор кој го поништува тој срамен период изминативе 10 години. Иванов е последниот бастион на Груевизмот, да се бара од него разум, памет, логика е смешно, како да бараш од магаре да игра ламбада!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија