БРАВО ДЕЧКИ, БРАВО БРАВО БРАВО, ОВА Е ГИГАНТСКИ УСПЕХ, ОВА Е ДАТУМ ЗА 4-ТИ ИЛИНДЕН!!!

Објавено на 26.06.2018 во 20:51:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Далеку е 2025-та кога се очекува да влеземе во ЕУ според денешната одлука, но во историски и животни рамки, тоа е сепак само мал интервал, додека да се освестиме ќе помине како миг.

Дали на пример ви се верува дека крвавиот четврток кога беа исфрлани пратениците од собрание се случи исто така пред речиси 6 години, декември 2012-та?!

Значи времето си минува, и тој ден бргу ќе дојде.

Една голема тешка порта е отворена за овој народ и оваа земја, и тргаме по еден нов ходник за нас, ова е голем успех!

Тешка работа ни требаше да стигнеме до овде, за нас граѓаните на оваа земја нема ништо лесно, се постигнуваме со 10 пати поголема мака, но таква ни е судбината.

И тек не чекаат уште нови предизвици, нови битки, нови победи, нови трауми и стресови.

Но вреди. Денеска кога си честитавме со сопругата, првата мисла ни беше, еј Зоки Поки ќе има ЕУ пасош и ќе живее во земја членка на ЕУ човече?!?!

WOW! Неверојатно, како прекрасен сон кој станал јаве, денеска е еден од поубавите денови во нашите животи!

НЕКА НИ Е СО СРЕЌА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ДЕЧКИ, ЗАКАЖАВМЕ ЧЕТВРТ ИЛИНДЕН, ДЕНОТ КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ ЌЕ БИДЕ ЕДЕН НАЈГОЛЕМИТЕ ДАТУМИ ВО НАШАТА ИСТОРИЈА!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија