ИДИОТСКАТА ТЕЗА ДЕКА ДАТУМОТ БИЛ УСЛОВЕН, И СО ТОА ПОМАЛКУ ВАЖЕН, ПА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС Е УСЛОВЕН СЕ ДО ВЛЕЗОТ БЕ ЌЕЛЕШИ!

Објавено на 27.06.2018 во 00:12:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Колку смешни тези слушам денеска да ти пукне филм еј!

Пази, датумот за преговори догодина не бил вреден затоа што бил условен?!?!

Па каков да биде?! Па целиот процес е условен, се додека да влеземе во 2025-та, ако не работиме доволно, ако не правиме реформи, ако не исполниме разни критериуми, тогаш нема да станеме членка, тоа е јасно?!

Како поинаку, да не примат затоа што сме ние божји народ, убави, вредни, не има во библијата?!

Абе какви се овие смешни приказни?! Па ова се причи за шарлатани...

Ова е голем успех за земјата, а нормално дека датумот е условен, но барем е даден, можеше и да не го добиеме и тогаш се ќе ни беше џабе!

Битно е некој да ни ја отвори вратата, а ние ќе си ја исполниме домашната задача, ние не се плашиме од работа и од мака, се плашиме од затворени врати и блокади!

А тоа веќе го нема и фала богу што е така!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија