МИСЛАМ ДЕКА ВМРОВЦИТЕ НЕ СЕ СВЕСНИ ПРЕД КАКОВ СТРАШЕН ПОЛИТИЧКИ АМБИС СЕ ИСПРАВЕНИ ПА ДУРИ И ОДАТ ПРАВО НАПРЕД СО ПУНА БРЗИНА!

Објавено на 27.06.2018 во 20:34:26 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислам дека ВМРО-вците се малце збунети па дури и избезумени и не се свесни во каква политичка провалија зацапуваат со пуна брзина!

Ако му дозволат на Заев сам како што го дал господ упорен до лудило, секако со помош на ДУИ, но збориме сега за дуелот во македонскиот камп, значи ако му дозволат на СДСМ сам да ја внесе или поточно одвлечка за уши и нозе Македонија во ЕУ и НАТО, па уште и ако му се противат во тој епски поход, тогаш тие ризикуваат не 10 како што сега ги очекуваше туку 20-30 години да не припарат до одаите на Илинденска ББ!!!

Заев во тој случај, значи ако успее да ја одвлечка на грб оваа вукојебина во ЕУ и НАТО има да владее како Мило Ѓукановиќ, значи лично господ и сатаната нема да можат да го сменат, освен ако сам не реши да си замине за Струмица за да си вози мотор по тоа ридовите и да одмара!

Свесни ли се во ВМРО ДПМНЕ за оваа опасност?! Зарем се толку политички слепи и дудуци да не ги увидат политичките хоризонти кои полека се оцртуваат на небото во далечината?!

Ако Македонија влезе во ЕУ и НАТО, платите ќе рипнат за дупло, земјава ќе биде преплавена со инвестиции како да сме добиле џек пот, земјава ќе биде како препородена, народов со гадење ќе се сеќава на периодот пред ЕУ и НАТО, а заслугите за сето тоа ќе ги има само еден човек и една партија, зборам пак за македонскиот блок, ДУИ е секако голем соучесник и помагател на целиот овој процес како и сите малцински партии.

Спремен ли е ВМРО ДПМНЕ да му ја даде на Заев таа политичка магична ламба, тој триумфален престол, без да се обиде да се докопа барем до еден дел од тој триумф, барем да не го кочи јавно, значи не збориме да не го помага, барем да не го кочи, да малце помогне, за да не си досуди таков самоубиствен политички нокаут кој со децении ќе ги држи на клупа па по можност и уништи!!!

Ова е неверојатно ако дозволат да се деси таков политички триумф на својот опонент и свој епски пораз во исто време, тогаш, Мицковски ќе биде поголем трагичар и од самиот Груевски, тој ја смртно рани партијата, а Мицковски ја дотепа за децении да не може да воскресне!

А толку е лесно да се постават на прав правец, само треба да признаат дека договорот не е толку лош, дека тие сепак се прозападна партија која и мисли добро на земјата и народот и да чекаат грешки на СДСМ, гафови, скандали, несмасности, а такви ќе ги има безброј, и да си ја чека шансата како одговорна десничарска домаќинска партија да ја преземе власта, која се кае за грешките, која се реформирала и дистанцирала од Груевизмот, зарем никој во ВМРО ДПМНЕ нема сила и разум за да го издејствува ова, зарем ќе дозволат возот да одлета во провалија?!?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија