Дури и кога ќе влеземе во НАТО и ЕУ, мрчаторите ќе квичат дека тоа не е голема работа, не вредело, све било џабе

Објавено на 28.06.2018 во 14:21:50 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Релативизаторите, мрчаторите, кењаторите, песимистите пуштени на најјако!

Морам да признаам дека сум зачуден од нивната силина, оркестираност, координираност, масивност.

Очигледно е дека остатоците од режимот сеуште има голем ПР потенција, здружен со сите оние од левицата кои органски не го варат Заев.

Овие снаги се спремни да мрчат и паѓаат у несвест и кога ќе влеземе во НАТО догодина и во ЕУ за 7 години, ќе врескаат дека е тоа смешен потфат, пирова победа, дека не вредело, дека било џабе, дека црно ни се пишува, дека баба им можела подобро...

Нема чест и достоинство кај овие гадови. Немаат срам за тоа колку лажат и се глупираат, немаат рбет и сила да признаат успех а некој кого не го симпатизираат, овие луѓе не се големи карактери и човечки велични кои можат во фер дебата да признаат успеси, они немаат за тоа капацитет, они се како мали насрдени деца, гниди мали расипани...

Страшно е колку многу ги има, врие земјава од такви муви и црви, огромен процент од популацијата е составен од т.н човечки инсекти а не луѓе од кои државата може да има корист, па макар биле и критичари на власта.

Во најголемата диктатура на грујо кога сум јадел шипки у глава и сум бил на црна листа за економска изолација и судски прогон и физичка тортура, сум имал сила да пофалам редица потези на тогашната власт, за што сум бил масакриран од тогашните опозиционери, да потсетам, увозот на половни автомобили, економските промотори, слободните зони, новите автобуси во ЈСП, новата опрема во здравството, ниските даноци, легализацијата на дивоградби, купи куќа купи стан како идеја, субвенциите за компјутери за студенти, компјутер за секое дете итн итн...

Ние сега немаме опозиција со која можеш да водиш политичка дебата, ние имаме плачковци, стока разлигавена, која тера опозиционерство со лажни вести и комичен наратив кој деградира дури и ако фатиш да дебатираш за тоа...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија