НОВИОТ АЈНШТАЈН МОЖЕБИ ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНЕЦ: Прочитајте на најновата бесплатна книга за универзумот и електро-магнетните полиња!

Објавено на 28.06.2018 во 15:42:41 часот | Наука

СПРЕМНИ ЛИ СТE ЗА МИСЛОВНО-НАУЧНА АВАНТУРА? - НОВИ ТЕОРИИ ЗА ПРИРОДАТА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТИЗМОТ И НА СВЕТЛИНАТА

Почитувани читатели, пред вас е една книга која вашите мисловни хоризонти ќе ви ги прошири и ќе ви открие дека она што досега сте го знаеле за природата на електромагнетизмот и на светлината било, ако не погрешно, тогаш многу ограничено и парцијално.

Авторот, со популарен, а сепак темелно научен и егзактен пристап, ќе ви го открие повторно чудесниот свет на електричната струја, магнетните сили и тајните на боите. На еден сосема поинаков, разбирлив и докажан начин ќе постави нова теорија која ги објаснува многуте феномени и парадокси на овие природни појави, за кои ние само мислиме дека ни биле објаснети низ нашето површно образование, а всушност само сме убедени за нив никогаш да не размислуваме, зашто наводно тука "нема ништо нејасно". Ни оддалеку!

Самиот автор Митко Ѓорѓиев е посебна приказна - мислител и ентузијаст од посебен ков, за кои мислевме дека не се раѓаат повеќе, особено не во Македонија. Делото ќе биде објавено и на германски јазик, но тој македонска верзија ја дава слободно на увид на нашата публика.

На располагање ви е бесплатно неговата книга на следниот линк:

https://drive.google.com/file/d/1zqIPrRKs499whxPrFHg8nyOFTLsxbzwl/view

 

 

* реклами:

 

 

Наука

Македонија