За мене најголема мистерија е, зошто Миленко и Јанко Бурек упорно се трудат да не убедат дека се неутралци и неповрзани со политички партии, тоа никогаш не сум можел да го разберам, тоа е просто зачудувачко кај нив...

Објавено на 29.06.2018 во 01:13:12 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи ај разбирам нема од што да живеат, стари се, без школо, без свој бизнис, без професија од која можат да заработат, па ете мораа во медиуми да одработуваат за ВМРО ДПМНЕ затоа што и не им беше тешко, за тоа не се бараше ниту знаење, нити па морал, а и онака мразеа педери, Роми, Албанци, Бугари, Грци, а ги биваше пред камера и пред микрофон, случајно улетале у тој медиски бизнис како радио и тв водители па стекнале знаење како се збори пред камера, како се води емисија итн...

А и не бараше многу труд, ем затоа што тоа што го збореа по дома и во друштво го збореа и на тв, само што за тоа сега некој добро ги плаќаше, а ем затоа што работеа само по 2-3 саати дневно, Миленко дури имаше една емисија неделно, другото време се возеше со џипот по тоа планините и вукојебините или шеташе по светот...

А од друга страна, ги плаќаа добро, кога велам добро, значи мислам ДОБРООО, значи земаа по 2,3 илјади евра месечно плата човече, живееја доста солидно, како некој добар адвокат, хирург, архитект, добар менаџер, луѓе кои се школовале и граделе кариера со децении за да се докопаат до таква плата која е страшна за македонски услови...

За Латас и Ивона па да не зборам, они и милионски капитал стекнаа у пизду матер.

Значи, што ми е поентата, тоа што они го работеа можам да го разберам иако не го одобрувам, затоа што му служеа на режим, на мафија, на банда безочна, глумеа патриоти а знаеја дека им служат на апаши на стока на гангстерај, тие пари беа крвави, со нивна помош режимот уништуваше човечки животи, буквално ги газеше како пилци, ги полнеше занданите, ја кочеше и уништуваше земјата речиси неповратно...

Но ај тоа велам донекаде можам да го разберам, иако не може тоа секој да го прави, сепак бара една доза на суровост, себичност, немање на емпатија и совест, безмалку бара психа на еден сериски убиец кој убива луѓе, ги силува и ги копа по шуми, и после мирно си тера понатаму, но сепак се чудам за една работа која ми е нелогична кај нив, зошто упорно и упорно на безброј прилики Миленко и Јанко се обидуваат да не убедат дека они не се партиски поврзани, не се политички определени?!?! Од кај сега ова срање епско?!

Што сакаат со тоа да постигнат, зарем мислат дека некого ќе убедат во тоа?! Тоа е како шатка да убеди некого дека е авион ф-16, а гледаш дека е шатка, сите знаат дека е шатка, 10 години правеа ква ква, и одеа како шатка, башка гледаш пердуви, тоа клунот, тие доле перките јасно се гледаат...

Се чудам зашто се трудат да се прикажат себе како неутралци и независни, кога веќе не им беше срам 10 години да молчат за сите злодела на режимот и гласно да ги подржуваат сите црни пропаганди, па дури и ден два пред упадот во собрание Јанко се дереше како луд и лупаше со еден огромен чук дрвен по масата во емисија со цел да ги натера своите фанови да влетаат у собрание и да кољаат.

Дали можеби они стварно веруваат во тоа дека се неутралци па не се ни свесни за тоа колку е смешно и глупо да зборат дека се неутралци? Они може стварно мислат дека немаат ништо со ДПМНЕ, туку само случајно им се погодиле исти интереси, исти верувања и ставови во ист момент?

Можеби така се убедиле самите себе толку добро до ниво на авто-хипноза за полесно да спијат, полесно да им се вари храната, убедени дека сепак не се курви новинарски кои служеле на монтруми, туку дека се некакви новинарски величини, демек мислечки интелектуалци јеботе бог те јебо, само случајно се десило да се подудараат со тоа како мислеле Грујо и Мијалков?!?!

УАУ! ГЛЕЈ ДО КАДЕ ДОЈДОВМЕ СО МУАБЕТОВ, ИМ ЈА ОТКРИВМЕ ТАЈНАТА НА МОДУС ВИВЕНДИ НА МИЛЕНКО И ЈАНКО...

Латас барем си признава дека е најскапо платена новинарска курва, он значи се има помирено со тој факат, овие уште се лажат себеси.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија