ВМРО ДПМНЕ продолжува со Грујовата политика на лажење 100%, значи тотално измислуваат работи како Дејвид Коперфилд!

Објавено на 30.06.2018 во 14:28:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ заборава дека веќе ја нема диктатурата и режимот во свои раце за да може во политиката да настапува со 100% лаги, кога практично измислуваат работи кои во реалноста ги нема, небаре се дел од тимот на магионичарот Дејвид Коперфилд!

Во политиката можете малце да лажете колку да исфилувате нешто, или да изрелативизирате, но лагата мора да е максимум до 25% од реалноста, но ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со брутални дрски лудачки лаги кои се рамни на шизофренија.

Но таа тактика потона во вода како Титаник во дуелот на Влатче Ѓорчев со Мухи на Тв 24.

Мухи толку брутално го масакрираше Влатче што беше дури жално да се гледа.

Влатче овие месеци си тера по старо, како кога имаа зад себе 30 милиона евра пропагандна медиска машина, па лаже дека владата на СДСМ не отворила ниту една фабрика, а ги има над 20!, не сме добиле датум за преговори, а добивме, јули 2019-та!, во земјава имало секој ден убиства кои се нерасчистени?!, имало во земјава диктатура, режим, мафија на власт а за прв пат имаме лидерски дуели на тв, немаме владини реклами, немаме вести во телевизиите кои сите личат едни на други затоа што ги правел еден центар за пропаганда?!, немало правда, немало институции а секој ден има судења на екс раководството на ДПМНЕ поради криминалите кои ги слушнавме во бомбите?!?!, ВМРО ДПМНЕ ќе победеле на избори, иако анкетите зборат тоално спротивно од тоа!

Па сега и измислуваат дека ќе имало бегалски камп во Визбегово, иако тоа е камп за бездомниците кои беа избркани од под Кале?!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија