МИСЛЕТЕ МАЛКУ СО ЛЕЈКИТЕ, СТРУЈАТА ВЕЌЕ ПОЕФТИНИ СО ЕФТИНАТА ТАРИФА, НАД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ОСТАНАА ВО НАШИТЕ ЏЕБОВИ, НЕ КЕЊАЈТЕ ЗА ЏАБЕ

Објавено на 30.06.2018 во 18:53:55 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Урлање, досетки, клетви, вицеви на сметка на СДСМ како биле исти копилиња како ДПМНЕ, како се заебавале со народот со поефтинувањето од 0,1 процент...

Новинарката на Телма прави паничен прилог, ги чита сите клетви на сметка на СДСМ, а не и текнало да ја потсети јавноста дека оваа влада воведе ефтина тарифа преку ден и цел ден во недела со што проценките се дека народот заштеди околу 20 милини евра досега, на долг рок заштедите ќе стасаат до 100 милиони евра кои ни останале во џебот за да си купиме нешто друго!

Ако ги отворите вашите сметки ќе видите дека на сите пола од сметката ви е во скапа струја а пола во ефтина, со што сите имаме заштеди од околу 25% од сметките од порано, удрете една математика и ќе видите дека еден месец сте користеле струја гратис, споредено со времето на власта на ВМРО ДПМНЕ...

Од каде дојдоа тие 20 милиони евра во нашите џебови? Од заштедите затоа што не се местат тендери и не се краде во РЕК Битола и не се градат паркови за мајмуни и елени или слични глупости како што правеше претходното раководство на ЕЛЕМ предводено токму од Мицковски...

Така што, поефтинување веќе имаше, не кењајте за џабе како абдали, мислете малце со тоа лејките!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија