Еј човече во 2018-та ВМРО-вците уште се плашат од џамија, за нив тоа е прегреан нуклеарен реактор ала Фукушима?!?!

Објавено на 30.06.2018 во 22:34:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Еј луѓе, ние нешто расправеме едно општество за сите, толеранција, ЕУ, НАТО, МАТО, ООН, УЕФА, ФИФА итн, а ВМРО-ните на социјални мрежи уште креваат паника и уплав од џамии?!?!

Деновиве не се шири само паника од бегалци, туку и од џамии, демек ќе се граделе џамии насекаде, и тоа е доказ дека Македонија ќе ја снема?!?!

Еј, човече, џамија?! За ВМРО-ните, за нивното мозоче, џамија е рамна на нуклеарен реактор од Фукушима, значи прегреан без капак! СО РАКЕТИ!

Како бе може толку да се забегани овие луѓе? А пази иронија, имаат пратеници муслимани, и се ложат на Ердоган, а човекот ги гради и обновува сите џамии од Истанбул па се до Љубљана!

Што семка ќе беа бе, што багра ќе беа, ццц, мајко мила, не ми се верува дека овие орди владееле во земјава една декада, мајко мила...

Муслиманите за нив се како некакви мутанти, изроди, црна арапина од детските приказни уште ги плаши овие неписмени заостанати копуци...

А не разбираат дека сите верници и сите верски објекти се во основа иста работа, само се разликуваат тоа сликите, симболите, книгите, но во основа се работи за нешто исто, повик за ведба во нешто свето со цел подобрување на светот, тоа е.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија