Добро бе, вие дали воопшто разбирате што беше Груевизмот?!?!

Објавено на 02.07.2018 во 11:10:47 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Груевизам не е употреба на сила неселективно против криминалци, дилери, пиштолџии и неиздавачи на фискални сметки, Груевизам е ако полицијат се злоупотребува селективно кон своите политички противници како што беше со А1 и Космос и Љубе Бошковски!

Груевизам не е силна легитимна ПР пропаганда на владини преставници во демократски систем без цензура и без владини реклми, Груевизам е кога се замолчуваат новинари, се гасат медиуми, кога се апсат, казнуваат и тепаат новинари и има црна листа на медиуми за кои пристапот до информации е забранет и не се оди на дебати...

Груевизам не е ако има многу субвенции кон народот, Груевизам е ако селективно се даваат пари на своите партиски војници...

Груевизам не е ако се фрлаат лопати и сечат ленти на вистински странски и домашни инвестиции додека се трпи жестока критика на демократската јавност, Груевизам е кога критиката е замолчена и сите вести почнуваат со фрлање лопати и розеви вести дека се е наводно идеално и дека сме наводно подобри од Германија додека сто пати се збори за една иста инвестиција со што се добва впечаток дека имаме милијарди евра инвестиции а всушност сме на дното по инвестиции на балканот.

Груевизам не е ако се вработуваат луѓе во администрација на места каде има вистинска потреба на вработувања, Груевизам е кога се вработуваат само партиски војници на измислени работни места.

Груевизам не е ако се покажува патриотизам и национализам за празници и јубилеи, Груевизам е ако се хушка црна пропаганда и се блуе омраза кон малцинствата преку владини трубадури кои се дебело финансирани од владата и ја анимираат јавноста со омраза и гнев кон малцинствата и се креира мит за Македонците како убер раса во светот...

Груевизам не е кога жестоко се настапува во ТВ дебати и се даваат емотивни добри интервјуа, Груевизам е кога не се оди на дебати и кога се оди на интервјуа со нарачани прашања.

Груевизам не е кога звучни фирми добиваат големи тендери, Груевизам е ако цената по која е добиен тендерот е за 50% посто поскапа од реалната!

Груевизам не е кога некој новинар ќе ја пофали владата за успех, Груевизам е кога некој новинар ќе ја фали владата за неуспеси и молчи за сите гафови и грешки, додека е платен од владата или жена му е вработена во владата или некоја бууџетска институција или работи за фирма која добива огромни местени тендери од владата!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија