ГОЛЕМ ИЛИНДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ВО ОХРИД! АНТИЧКИ ТЕАТАР, 02 АВГУСТ 2018

Објавено на 04.07.2018 во 22:28:48 часот | Забава

Големо задоволство ни е да ви објавиме дека легендарниот Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02-ри август.

Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток (05-ти јули) онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР
800 ден ТРИБИНИ

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија