ГОЛЕМ OPEN AIR КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА И ВО БИТОЛА! 10-ти АВГУСТ, АНТИЧКИ ТЕАТАР ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС

Објавено на 04.07.2018 во 22:32:03 часот | Забава

Задоволство ни е да ви најавиме дека Каролина ова лето се враќа во родната Битола, со концерт во најубавата битолска локација, античкиот театар Хераклеја Линкестис, на 10-ти август.

На концертот кој ќе трае два часа, Каролина и нејзиниот бенд ќе настапат со песните од новиот албум „Извор“, како и оние од историскиот проект „Македонско девојче“.

Влезнците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по цена од 400 денари (ненумерирани седишта).

Исто така, сакаме да ве потсетиме дека утре почнува продажбата и за концертот на Каролина во Охрид, кој ќе се одржи на Античкиот театар на 11-ти август.
Цените на влезниците се следни:
500 денари SILVER SEATS
800 денари GOLDEN SEATS

Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија