Маестро Масимо и во Битола! 15 јули, Антички театар Хераклеја Линкестис

Објавено на 04.07.2018 во 22:47:27 часот | Забава

Желбата културниот живот ова лето во Битола да биде навистина побогат, Авалон Продукција и Божиновски часовници и накит се потрудија да ја претворат во стварност, па така, најдобриот машки вокал на Балканот, Масимо Савиќ на 15-ти јули ќе настапи во Античкиот театар Хераклеја во Битола. Не постојат поубави и поадекватни простори за концерт од типот на Масимо од античкиот театар Хераклеја и античкиот театар во Охрид, каде Масимо ќе настапи еден ден претходно.

Единствен спонзор на концертот на Масимо во Битола е Божиновски часовници и накит.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток во 09 часот наутро, онлајн на avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по цена од 500 денари.

Дополнителни продажни места во Битола: Тобако Brothers, TA Атлантис, Центро Трејд, ТА Тео Травел, ТА Бела роза 2, ЈК Травел, кафе бар Портал 2, мезе бар Јагода и мјузик шоп Loudness music.

Масимо доаѓа за прв пат во Битола на open air концерт, во рамки на летната балканска турнеја во која го промовира својот најнов студиски албум, насловен „Sada“. Премиерно во Битола ќе бидат изведени песните од новиот албум, а се разбира и легендарните: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“...

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија