Мицковски вечерва ме потсети кога прв пат фатив келнерски ајнцер во Ирски Паб пред 15 години

Објавено на 05.07.2018 во 20:54:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мицковски вечерва на Телма беше толку несмасен, толку аматер, толку почетник, што беше жално да се гледа, пола од интервјуто го гледав со раката на очите и дејствието го пратев преку процепот на прстите на раката...

Сирот Мицко, ме потсети на многу моменти во мојот живот.

Кога прв пат фатив келнерски ајнцер во Ирски Пар во Скопје пред 18 години, и на маса ми седна цел кабинет на тогашниот ЕУ преговарач во конфликтот од 2001-ва Ален Ле Роа и германската амбасадорка не и паметам името, па со пун ајнцер им дојдов на маса, имаа нарачано едно 4 големи кригли, неколку мартинија, разни вискија, ракии, коктели и како што бев почетник, додека местев една пијачка целиот ајнцер му се лизна и право врз главата на германската амбасадорка, буквално ја избањав у пиво и ракија и вино, рипна и почна да писка, беше лето, цел фустан и се залепи, лудило!

Или кога прв пат застанав да пакувам целер на машина во поле во Англија кога бев на сезонска работа пред 15 години, ја сопрев цела процедура затоа што не знаев брзо да ги пакувам проклетите целери во ќесиња, па затоа сите застанаа и ме гледаат како се мачам, пцуеја и врескаа едно 20 души затоа што дневницата ни беше од парче спакуван целер, беше очајно...

Или кога прв пат станав компјутерски инженер во Инвест Банка, пред 13 години, ми дадоа задача да ја пресметам платата за Јули на цела банка, над 150 вработени, останав до 9 навечер, сите си заминаа, јас по речиси 12 часа обиди некако успеав, и ден денес се чудам како ми успеа да ја завршам задачата...

Или кога прв пат станав келнер на брод пред 11 години, требаше да служам француски и италијански и тајландски специјалитети со француски и шпански вина на Американци, а јас ниту ги знаев јадењата, ниту вината, ниту пак знаев како да служам храна во ресторан од 5 ѕвезди, беше очајно, летаа тањири, вода у скут на патници, погрешно јадење на погрешни луѓе, погрешни пијачки, комедија и трагедија...

Кога прв пат станав кувар во американски ресторан за појадок пред 9 години, тамо има специјални ресторани само за појадок и само за вечера, за ручек нема. Па кога фатив ја да праам палачинки, кајгани, јајца на око, абе лудило, никад у живо немав фатено спатула, така се вика таа со која се вртат јајцата, абе беше лудило, имаше јајца дури на таванот залепени, газдата грк ментално скрена тој ден од нервоза...

Или кога прв пат станав тв водител на Наша ТВ пред 7 години па од трема заборавав да дишам, ми се тресеа и раце и нозе, не се разбираше што зборам, не знаев како да гледам у камера, како да завршам емисија...

Очајни се почетниците, но секој треба да добие шанса. Сепак, некогаш од прва може да се види дали некој го бива за нешто или не. Јас брзо станав многу добар програмер, потоа келнер на брод, кувар во Америка, сега и новинар во земјава, но открив дека најмногу ме исполнува новинарството и таму имам и најмногу успеси според реакцијата на дел од публиката.

Мицковски е веќе 1 годиниа лидер на ВМРО ДПМНЕ, веќе имаше време да заличи малце од малце на политички лидер.

Мислам дека човеков е антитален за политика, тој нема човечки, карактерни, вредносни капацитети, тој просто не знае кај тера, тој е нешто како микс на Миленко, Мирка, Васе Ефтов и Јанко Бачев, дури ми заличува на моменти и на еден Љупче Златев, значи овде збориме за трагични ситуации дечки, ова е жал да те фати за опозицијата...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија