Нападите кон Али Ахмети се нефер и контрапродуктивни, без него и ДУИ, режимот сеуште ќе газеше, немаше да има нит реформи, нит ЕУ и НАТО ни бутур, а па за референдумот тој е клучниот човек за референдумот да успее...

Објавено на 05.07.2018 во 23:05:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Али Ахмети има црни дамки во својата политичка кариера, пред се молкот и соучесништвото со режимот на Грујо.

Но сепак, сега тој ја игра најдобрата фаза од својата политичка кариера. Прво помогна и тоа клучно да падне режимот а сега се бори жестоко земјава да влезе во ЕУ и НАТО.

Неговиот авторитет во Албанскиот етнос е огромен и тој авторитет многу ни треба, би рекол очајно сега за секој Албанец да излезе на референдумот, значи сите 500 000!

Од него се очеува да ги довлечка и сите кои се на печалба, значи има да летаат авиони, автобуси и возови од западна и централна Европа кон Македонија.

Сите критики и напади кон Ахмети и ДУИ во овој период се контрапродуктивни, си пукаме у нога.

Предлагам да влеземе во НАТО и да почнеме преговори со ЕУ, па после ќе дебатираме и цепидлачиме.

Сега дури и еден Амди Бајрам ни е потребен, па дури и еден озлогласен Ѕинго со своите 4 пратеници.

Потоа ќе расчистуваме кој за каде е... Не сакам Ахмети да го омаловажам со тоа што го споредив со овие двајца, сепак тој е голем политичар, кој за жал направи многу грешки во ератана Груевизмот, но да му дадеме шанса да се поправи.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија