Браво Сања Васиќ, ти се поклонувам, конечно добро интервју на Телма, Чом на стари години треба да учи како се интервјуира лидер на ВМРО ДПМНЕ

Објавено на 06.07.2018 во 03:24:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Браво Сања, браво! Ти се поклонувам! Каков масакар, ваков тв покољ не сме гледале одамна! Ќе речам од времето кога одеше емисијата Политико на Наша Тв :D

Жално беше да се гледа Мицковски како се тетерави а Сања го мава со нокаути право у чело, леле леле, ова беше невиден спектакл!

Најомилен момент беше што сите смртоносни удари Сања му ги нанесе со тивок глас, како заклучоци искажани повеќе за себе но сепак публиката ги слушна, кои заклучоци сепак продираа длабоко во плешките на математичарот и го рендаа...

Ех да имавме вакви интервјуа изминативе 10 години, кај ли ќе би беше крајот.

Кога само ќе ми текне на интервјуто на Чом со Грујо само еден ден по крвавиот 27-ми април ми иде да ја изедам тастатурава пред мене...

Само Душица Мрѓа беше на висината на задачата изминатиов период...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија