После интервјуто на Мицковски за Телма, јас се сомневам дека некој му го има наместено овој човек на Груевски за ВМРО ДПМНЕ НИКАААААД не се врати на власт, значи НИКАД!

Објавено на 06.07.2018 во 03:48:24 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Значи новинарката Сања Васиќ толку беше вџашена од суровите блесави луди ненормални одговори на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за настаните од 27-ми април, што после секој негов одговор, земаше длабок воздух, гледаше во него како здрвена и пак го повторуваше прашањето, значи секое од десетината прашања на темата.

Но овој, без око да му трепне, дури и се кикотеше, продолжуваше да дава ненормални и лудачки одговори, кои кулминираа со тврдењето дека ќе барал од Зијадин Села да се заложи за амнестија на неговите убијци?!?!?!

Дечки, после ова интервју, јас сериозно се сомневам дека некој му го има наместено овој човек на Грујо за ВМРО ДПМНЕ никад не се врати на власт, значи НИКАД! ПА НИ ТАД!

Ова е лудачко понашање на еден лидер на една девастирана партија, кој наместо да се труди да ги залечи раните, он ја влече партијата со пуна брзина кон дното, кон политичка изолација, кон политичка депонија!!!

На ВМРО ДПМНЕ сега му треба тотално обратен лидер од овој, значи се што овој збори, а зине, треба обратно да збори ако сака ВМРО ДПМНЕ барем по 5-10 години уопште да помисли да помириса власт надвор од општина Илинден и Зрновци!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија